понеделник, 9 ноември, 2026
Meta.mk

Ознака: мигрант | 11 резултати

Белгија: Мигрант со нож рани свештеник

1 август 2016

Бегалец со нож нападна свештеник во Ланакен, град во белгиската покраина Лимбург, јави радио-телевизијата „Ер-те-ел“. Телевизијата јавува дека мажот, кој засега не е идентификуван, вчера тропнал на вратата на 65-годишниот парох Жо Вандерле и го замолил да му дозволи да се истушира. Бегалецот му рекол дека планира да побара азил во Холандија. Излегувајќи од бањата, […]

Седумнаесет годишен мигрант убиен во Грција

30 август 2015

Во вооружен судир меѓу полицијата и трговци со луѓе во Грција убиен е 17 годишен мигрант. Престрелката се случила покрај островот Дими, кога јахта со 70 имигранти се обидела да влезе нелегално во грчките територијални води од Турција. Грчката крајбрежна стража и припадници на европската погранична агенција Фронтекс успеале да ја запрат јахтата и се […]

Унгарија ја заврши оградата од бодликава жица на границата со Србија

30 август 2015

Заврши поставување на бариерата од бодликава жица во должина од 175 километри, долж границата со Србија, соопштија унгарските власти. Жицата е поставена за да го спречи преминувањето на мигрантите на нејзина територија. Ова го соопшти министерството за одбрана, кое додаде дека зад бодликавата жица, армијата гради и 4 метра високата ограда. Унгарија која е земја членка на […]

Разбојници ограбиле мигрант во Кумановско

26 август 2015

Двајца маскирани разбојници, вооружени со пиштол, вчера вечер во близина на кумановското село Шупли камен ограбиле мигрант од Авганистан, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, вчера околу 18 часот двајцата разбојници, кои се превезувале со мотор, со пиштол му се заканиле на авганистанскиот државјанин С.А.(31), а потоа со рачката од оружјето го удриле во главата […]

Дете мигрант го удрило струја во Гевгелија

15 август 2015

Дванаесетгодишно дете државјанин на Авганистан вчера го удрило струја на железничката станица во Гевгелија каде има празни вагони во резерва. „Од страна на Црвен Крст лицето веднаш е однесено во Општа болница во Гевгелија за укажување на лекарска помош. Лицето било во придружба на своите родители и по нивна изјава истите не приметиле како дошло […]

Момчиња од Лојане нападнале и ограбиле мигрант од Авганистан

30 април 2015

Тројца жители на кумановското село Лојане се осомничени дека нападнале и ограбиле 20-годишен мигрант од Авганистан во дворот од џамијата во селото, соопшти полицијата. Против Ј.З. (17), М.И. (22) и Ф.Ј. (23) била поднесена пријава за кривично дело разбојништво, а судија на претходна постапка на осомничените им одредил триесетдневен притвор. Според полицијата, осомничените од авганистанскиот […]

Воз удил мигрант кај станицата Илинден

25 април 2015

Синоќа, околу околу 23.30 часот, на железничкиот пруга Скопје – Табановце, на влез за железничка станица Илинден, се случи железничка незгода во која меѓународен воз, кој сообраќал на релација Солун – Скопје – Белград, удрил во 62-годишен мигрант од Авганистан. Лицето добило тешки телесни повреди и е пефрлено во Ургентниот центар во Скопје за укажување […]

Страна 1 од 1