недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: разбојништво | 83 резултати

Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје

септември 19, 2024

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истрага против 25-годишник од тетовско Боговиње кој е осомничен дека сторил две кривични дела „разбојништво“. На 12 септември влегол во обложувалница на улицата “Никола Тримпаре” и со скалпер се заканил по животот на една вработена и одзел 211.680 денари од сефот и касата. На […]

Со закана со пиштол од банка одзел над 2,6 милиони денари

јуни 15, 2024

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 31-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – разбојништво. Тој, на 4 јуни, влегол во филијала на банка на улицата „Бојмија“ во скопската општина Аеродром и со сериозна закана и употреба на пиштол, загрозувајќи го животот на двајца вработени […]

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

април 26, 2024

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во средата, 24 април, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните им е забранета, им се заканил на […]

Обвинителството започна истрага за разбојништво во спортска обложувалница во Битола

март 6, 2024

Наредба за спроведување истрага против лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело „разбојништво“, донесе Основното јавно обвинителство Битола. Осомниченото лице на 8 февруари, маскиран влегол во подружница на спортска обложувалница на улицата „Охридска“ во Битола и со нож ѝ се заканил да вработената, барајќи да му ги даде парите. Таа исплашена се […]

Разбојништво во менувачница во Тетово

септември 19, 2018

Четири лица, од кои двајца италијански и двајца македонски државјани, приведени се поради основи на сомнение дека вчера извршиле кривично дело „разбојништво“ во менувачница во Тетово, соопштуваат од Секторот за внатрешни работи Тетово. „Првоосoмничениот се товари дека влегол во објектот и заканувајќи му се на вработениот со пиштол, од метален сеф и фиока одзел парични […]

Разбојник однел 6.500 евра од „Шпаркасе банка“ во Кичево

декември 13, 2017

Вооружен разбојник вчера ја ограбил експозитурата на „Шпаркасе банка“ во Кичево, од каде одзел поголема сума денари и девизи, информира МВР. Грабежот се случил околу 12.30 часот, а разбојникот, со закана со пиштол од вработената одзел 100.000 денари, 2.500 евра и околу 2.800 американски долари, по што побегнал. Од МВР велат дека е извршен увид […]

Разбојници нападнале скопјанец и му го украле возилото

мај 21, 2017

Две машки лица ноќеска околу 2 часот по полноќ на булеварот „Гоце Делчев“ нападнале возач и му го одзеле возилото, соопшти МВР. Напаѓачите со возило марка „ровер“ со непознати таблички му го попречиле патот на Б.Д. по што го извлекле од неговото возило „даеву рејсер“, физички го нападнале, му го одзеле возилото и побегнале во […]

Покрената кривична пријава против тетовец за разбојништво

мај 21, 2017

Кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“ е поднесено против тетовец. Тој се сомничи дека заедно со непознато женско лице нападнале и ограбиле жител во стан на улицата „Методија Митевски“ во Скопје. Од МВР информираат дека кривичната пријава е поднесена против Н.Ш. (32). На 6 јуни минатата година околу 17 часот непознатото […]

Внук сакал да ги ограби баба си и дедо си

април 9, 2017

Го скршил стаклото на влезната врата на куќата на неговите баба и дедо и се обидел да ги ограби, но обидот му бил неуспешен, а бабата го препознала, па го пријавила в полиција. Ваков инцидент се случил вчера во Штип, половина час по полноќ, соопшти СВР Штип. Имено, штипјанецот К.С. (31) откако го скршил стаклото […]

Ја ограбил сосетката и ѝ се заканувал

март 10, 2017

Брутално разбојништво извршил вчера 49-годишен маж, кој првин ја искршил влезната врата на куќата на неговата сосетка, а потоа ѝ се заканил и ѝ побарал пари. Како што соопшти СВР Куманово, инцидентот се случил вчера, околу 15 часот, на улицата Ѓуро Пуцар – Стари. А.И., кој живеел под кирија во објект во истиот двор со […]

Уапсен осомничениот за убиството на 67-годишната жена во Охрид

февруари 22, 2017

Разбојникот  кој завчера изврши убиство на 67-годишна жена во Охрид е уапсен во Куманово, во координирана акција на полицијата и на обвинителството. Како што соопштуваат од Јавното обвинителство, осомничениот бил со потекло од Куманово, а во моментот на разбојништвото и на убиството живеел во истата станбена зграда со жртвата и се познавал со неа. По разбојништвото, […]

Разбојник од Струшко добил секира по глава во охридско Ново Село

септември 23, 2016

Жител на струшкото село Делогожда се обидел да изврши разбојништво во охридско Ново Село, откако со измама дека му треба леб, влегол во куќата на 56-годишната Ф.А. во 2 часот по полноќ и физички ја нападнал. Оштетената, која била сама, успеала да дојде до секирата и за да се одбрани, го удрила пријавениот по главата. […]

Разбојник ограбил и до смрт претепал 91-годишен жител на Свети Николе

јули 29, 2016

Вчера, во периодот меѓу 13 и 18.20 часот, непознат сторител претепал и ограбил 91-годишен жител на Свети Николе, во неговиот дом, информираат од МВР. Старецот, на кој му била укажана лекарска помош во светиниколската болница, ноќеска околу 2 часот им подлегнал на повредите. Според полициските информации, разбојникот во станот на улицата Рахилка Гонева, влегол преку […]

Вооружен и маскиран разбојник ограбил продавница среде Струга

април 19, 2016

Е.Р. (25) од струшкото село Корошишта, според МВР, вооружен и маскиран влегол во продавница лоцирана на улицата Моша Пијаде во Струга, им се заканувал на вработените и им ја обил касата. Поради постоење основан сомнеж дека сторил разбојништво, МВР му поднесе кривична пријава. Пријавениот, со капа на главата, шал на устата и со пиштол во рака, влегол во продавницата […]

Мигранти пријавиле дека биле ограбени од мигранти

јануари 22, 2016

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, во транзитниот камп за мигранти во Табановце, пристигнале шест странски државјани, кои рекле дека се од Ирак и пријавиле дека врз нив претходниот ден било извршено разбојништво во кумановското село Лојане, информираат од полицијата. Според изјавите што ги дале на полицијата, разбојништвото го извршиле лица од Пакистан кои престојувале […]

Разбојник ограбил аптека во ТЦ „Буњаковец“, со закана дека ќе ја зарази вработената со сида

јануари 11, 2016

Синоќа, околу 18.30 часот, непознат сторител извршил разбојништво во аптеката „Виола“, во трговскиот центар „Буњаковец“, од која однел 4.660 денари од дневниот промет и четири кутии таблети „вијагра“. Како што информираат од полицијата, кога влегол во аптеката, разбојникот со шприц ѝ се заканил на вработената дека ако не му ги даде парите, ќе ја зарази […]

Сменет шефот на полицијата во Келн поради нападите врз жени за новогодишната ноќ

јануари 8, 2016

Шефот на полицијата во Келн, Волфганг Алберс, е сменет од должност по критиките за несоодветното реагирањето на безбедносните сили на насилните инциденти за време на новогодишната ноќ, јавува „Ројтерс“. Германската јавност е во шок по откривањето дека на 31 декември дошло до повеќе сексуални напади, силувања и разбојништва врз жени во неколку поголеми германски градови, […]

Изгубил пари во казино, па лажно пријавил дека го тепале и го ограбиле разбојници

јануари 8, 2016

Триесет и четиригодишен жител на тетовското село Копанце вчера пријавил дека бил нападнат и ограбен од тричлена разбојничка банда, но по кратката истрага, полицијата утврдила дека станува збор за лажно пријавување и дека повредите што му биле констатирани, осомничениот самиот си ги нанел. Како што информираат од МВР, вчера околу 22 часот во полициската станица […]

Петмина мигранти од Мароко ограбени кај Демир Капија

јануари 8, 2016

Петмина илегални мигранти завчера, во два одделни случаи, биле ограбени од вооружени разбојници во близина на Демир Капија, информира МВР. Според полицијата, во средата, околу 13.30, три непознати лица, со закана со пиштол, извршиле разбојништво над двајца државјани од Мароко и им одзеле 1.750 евра и мобилен телефон. Неколку часа подоцна, односно околу 20 часот, […]

Маскиран и вооружен разбојник ограбил златарница во Кочани

јануари 5, 2016

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, вчера претпладне ограбил златарница во Кочани, од која однел поголемо количество златен накит, информираат од полицијата. Грабежот се случил околу 11.35 часот, во златарницата „Боно“. Разбојникот, според полицијата, ја нападнал вработената, удирајќи ја со тупаници во главата, поради што таа паднала на подот, а потоа одзел поголемо количество златен накит […]

Страна 1 од 4