fbpx
Таг: разбојништво

таг: разбојништво

Скопјанец избркал вооружен разбојник од продавница во Автокоманда

Педесет и двегодишен скопјанец вчера бил приведен под сомнеж дека истиот ден, заканувајќи се со пиштол, извршил разбојништво во продавница во населбата Автокоманда, информираат од полицијата. Според полицијата, разбојништвото се случило околу 17.30 часот, во продавницата „Ники-нада“ на улицата Трифун Хаџијанев. Разбојникот со пиштол му се заканил на Д.С. (56) од Скопје, кој, пак, се спротиставил и го удрил напаѓачот...

Велешанец осомничен за разбојништво над сириски мигранти

Дваесет и четиригодишен велешанец е осомничен дека заедно со уште две засега непознати лица, во ноември минатата година, извршил разбојништво над тројца илегални мигранти од Сирија, информираат од полицијата. Станува збор за К.Г. (24), против кој СВР Велес, во соработка со надлежното основно јавно обвинителство, поднел пријава за разбојништво. Според полицијата, кон крајот на ноември минатата година, осомничениот, заедно со уште...

Млади кумановци осомничени за разбојништво

Шест момчиња од Куманово, од кои едно е малолентик, се осомничени дека на почетокот на овој месец ограбиле странски државјанин на улица во градот. Како што информираат од МВР, против осомничените, кои се на возраст од 17 до 21 година, била поднесена пријава за разбојништво. Според полицијата, осомничените на 5 јануари, на улицата Доне Божинов, со употреба на физичка сила извршиле...

Разбојници однеле 50.000 денари плен од бензинска на „Макпетрол“

Тројца маскирани разбојници утрово, заканувајќи се со пиштол, ограбиле бензинска пумпа на „Макпетрол“ во скопската населба Кисела Вода, соопшти полицијата. Разбојништвото се случило околу 3.30 часот, на бензинската станица на „Макпетрол“ на улицата Антон Попов, кога тројцата маскирани сторители, од кои едниот вооружен со пиштол, им се заканиле на двајца вработени на бензинската и одзеле околу 50.000 денари од дневниот промет. Полицијата засега...

Маскиран и вооружен разбојник ограбил продавница во Бутел

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, вчеравечер ограбил продавница во населбата Бутел, соопшти МВР. Според полициските информации, разбојништвото се случило околу 22.20 часот, во продавницата „Вива фреш“ на улицата Александар Бујнов, во Бутел. Маскираниот разбојник со пиштол им се заканил на вработените, а потоа од касата зел 15.000 денари.

Разбојништво во куќа во населбата Ченто

Тројца маскирани и вооружени разбојници утрово влегле во куќа во Скопје и од сопственикот и од постанарката одзеле пари, лаптоп и накит, информираат од полицијата. Разбојништвото се случило во куќа на улицата Палмиро Тољати, во населбата Ченто. Маскираните разбојници со пиштол им се заканиле на сопственикот М.М.В. (44) и на Ч.С.К. (66) и од нив одзеле 100 евра, лаптоп, разновиден...

Разбојници ограбиле тројца државјани на Сиера Леоне

Тројца странски државјани утрово биле ограбени од три непознати лица на локланиот пат Куманово - село Ваксинце, информираат од полицијата. Разбојништвото, според полицијата, се случило околу 2 часот по полноќ, кога неколку лица со пиштол им се заканиле на тројца државјани на Сиера Леоне и им одзеле 5.300 евра. Случајот бил пријавен во полиција, која презема мерки откривање на разбојниците.

Разбојници ограбиле аптека во скопски Чаир

Две маскирани лица вчеравечер извршиле разбојништво во аптеката „Голд мун“ на улицата Лазо Трповски во Скопје, информираат од полицијата. Разбојништвото се случило околу 20.20 часот, кога две маскирани лица влегле во аптеката и, заканувајќи ѝ се на вработената со пиштол, одзеле 18.000 денари. Случајот бил пријавен во полиција, која презема мерки за откривање на разбојниците.

Ограбена продавница на „Кам“ во скопски Чаир

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, вчеравечер ограбил супермакет на „Кам“, во скопската населба Чаир, информираат од полицијата. Разбојништвото се случило околу 20.15 часот во продавницата „Кам“ на улицата Џон Кенеди, кога маскираниот разбојник со пиштол им се заканил на четворица вработени и зел 55.000 денари од дневниот промет. Случајот бил пријавен во полиција, чии екипи преземаат мерки за откривање на сторителот.

Кочанка ограбена на улица

Разбојник вчеравечер оргабил 52-годишна кочанка на улица во градот, информираат од полицијата. Разбојништвото се случило околу 21.30 часот, на улицата 9 Мај, кога непознато лице ја нападнало жената и ѝ ја зело чантата, во која имало 72.600 денари и лични документи. Полицијата засега нема осомничено лице за разбојништвото.

Кривична пријава против битолски разбојник

Дваесет и деветгодишен битолчанец е осомничен дека минатиот месец ограбил две сограѓанки и со нивните платежни картички се обедил да подигне пари од банкомат. Како што информираат од полицијата, против Р.Е. е поднесена кривична пријава за разбојништво, оштетување и за неовластено навлегување во компјутерски систем. Осомничениот, на 19 и 22 ноември, на улицата 25 Мај, во битолската населба Карпош, со употреба...

Ограбена обложувалница во Куманово

Вчеравечер, околу 21.30 часот, непознато лице, вооружено со пиштол, ја ограбило обложувалницата „Плеј ин“ во Куманово, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, разбојникот со пиштол им се заканил на вработената и на гостин во обложувалницата, а потоа го одзел дневниот промет од касата и мобилниот телефон на гостинот. Вкупната вредност на пленот што го однел разбојникот била проценета на околу 42.500 денари.

Тројца разбојници ограбиле илегални мигранти во Куманово

Седуммина сиријски државјани, илегални мигранти, викендов биле ограбени од тројца разбојници во близина на автобуската станица во Куманово, информираат од МВР. Според полицијата, во саботата околу 17.30 часот, седумте сиријски државјани, откако се симнале од автобус на станицата во Куманово, ги пресретнало непознато лице, кое им се понудило да им го покаже патот за Србија или за селото Лојане. Тие...

Двајца разбојници му го украле возилото на кавадаречки таксист

Двајца разбојници вчера во Прилеп нападнале такси-возач и, заканувајќи му се со нож, му го украле возилото, информираат од МВР. Според полицијата, настанот се случил околу 22.30 часот, кога двајцата патници физички го нападнале такси-возачот А.К. (29), кој ги превезувал од Кавадарци до Прилеп, и заканувајќи му се со нож, насила го исфрлиле од возилото, марка „шкода“, а потоа со...

Скопјанка ограбена во центарот на градот

Дваесет и едногодишна скопјанка, вчера попладне, била ограбена од четворица разбојници во центарот на градот, соопшти полицијата. Разбојништвото се случило околу 13.30 часот, на улицата 27 Март, во непосредна близина на објектот „Тифани“, кога четири непознати лица ја нападнале девојката и, заканувајќи ѝ се со нож, ѝ одзеле 800 денари, два мобилни телефони, марка „сажем“ и „алкател“, лична карта, клучеви и лични работи. Скопјанката...

Разбојници ограбиле скопјанец во казино

Дваесет и тригодишен скопајнец утрово во полициската станица Ѓорче Петров пријавил дека бил нападнат и ограбен од неколкумина разбојници во казино „Сенатор“, информираат од полицијата. Станува збор за Р.Ѓ., кој пријавил дека додека играл на апаратите во казиното, му пришле неколку непознати лица и, заканувајќи му се со нож, му го зеле паричникот, во кој имало 700 денари и докумнети.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...