fbpx

Кривични пријави за 11 учесници на протестите

-

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека примило две кривични пријави од МВР, поднесени против вкупно единаесет лица.

По првата кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против девет лица, за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство. Осомничените делото го сториле во текот на протестите пред Владата на Република Македонија.

„Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 поднело предлог за определување мерка притвор против осуммина од осомничените, поради постоење околности кои укажуваат на опасност од бегство и поради постоење особени околности што го оправдуваат стравувањето дека осомничените ќе го повторат делото, а со оглед дека се работи за кривично дело против јавниот ред“, информираат од Јавното обвинителство.

Судот на седум осомничени им определило притвор во траење од осум дена, а на еден осомничен му е определен куќен притвор.

Втората кривична пријава е против двајца осомничени за насилство. Судот на двете лица им определило притвор во траење од осум дена, а едно од осомничените лица е во бегство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...