fbpx

Притворен скопјанец осомничен за разбојништво

-

Судија на претходна постапка му одреди 30 дена притвор на скопјанецот Ф.С. (20), осомничен дека на средината од минатиот месец, вооружен со пиштол, ограбил аптека во населбата Чаир, информираат од МВР.

Според полицијата, осомничениот на 13 јануари, со закана со пиштол, одзел 18.000 денари од аптеката „Голд мун“ на улицата Благоја Паровиќ.

Скопјанецот бил откриен по проверката на снимките од безбедносните камери, а при претресот во неговиот дом, биле пронајдени 10 парчиња муниција, калибар 9 милиметри.

Од полицијата додаваат дека Ф.С. бил познат сторител на кривични дела и во периодот од 2009 до 2014 година против него биле поднесени 13 кривични пријави за тешка кражба, разбојништво, одземање моторно возило, противправно лишување од слобода, кражба и за силување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...