fbpx

МЕСО: Штрајкот е прекинат без да се исполни ниту едно барање

-

Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) целосно го осудува прекинот на штрајкот на СОНК и изразува револтираност бидејќи таа одлука е донесена во пресрет на организирани масовни протести кои можеле да резултираат со уште поголем притисок кон власта за остварување на работничките права.

– Уште повеќе сме револтирани што штрајкот е прекинат без решавање на ниту едно од барањата. Единствено слушнавме дека за една година одложени се казните на наставниците, но и тоа не е конкретно решено, туку е само одложено. Не слушнавме дали е постигнат договор со Министерството за образование и наука дали на наставниците кои штрајкуваа ќе им се исплатат платите. Од СОНК само слушнавме дека треба да се исплатат. Да не заборавиме дека наставниците кои штрјакуваа беа изложени на разни притисоци, беа етикетирани, а се слуша дека некои од нив ќе останат и без работа. Но, тие го поддржаа штрајкот за да се изборат за да се добие барем едно од тие барања – вели Сузана Стефановиќ, претседателка на МЕСО.

Здравко Савески, секретар на МЕСО, вели дека без способно и храбро синдикално раководство, нема успешна одбрана на работничките права.

– СОНК донесе одлука за прекинување на штрајкот, а не за ставање во мирување до 15 март. Тие треба да кажат што ако до 15 март не бидат исполнети барањата договорени во спогодбата. И ако не се исполнат, дали повторно ќе го активираат штрајкот. Кога не можеа да притиснат за материјалните барања, тогаш можеа да притиснат за нематеријалните барања, како укинување на одредбите за одбивање на штрајк во средно и во високо образование, кои го негираат установо загарантираното право на штрајк – вели Савески.

Тој додава дека за да може еден штрајк да се каже дека е успешен, мора да има барем едно конкретно исполнето барање, а во спогодбата нема ништо од тоа, туку само најави дека има согласност да се најде решение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...