среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: месо | 41 резултати

АХВ: Во некои објекти за храна во Охрид, на Пластичарска и во Чаршија се продава небезбедна храна

август 26, 2024

Ставање во промет на небезбеден производ, недоследности во однос на хигиената, немање санирани книшки за вработените, недеклариран производ, чување на храна ва амбиентална температура. Ова се само дел од неправилностите кои ги регистрирале инспекторите за храна изминатава недела кај оператори со храна, вклучувајќи го главниот град, поточно, пазарот Бит Пазар, познатата Пластичарска улица и старата […]

Исхрана во топлотен бран: Јадете краставици, домати, лубеници, а избегнувајте месо

јули 15, 2024

Во денови кога времето е топло како сега, се препорачува граѓаните да консумираат „лесни“ и квалитетни оброци, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Оттаму појаснуваат дека кога е топло, подобро е да се придржува до лесни, разновидни, добро избалансирани и редовни оброци, сочинети од сезонски намирници. Храната со висока содржина на вода, исто така […]

Спречено криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

јули 8, 2024

Мобилен тим на Царинската управа викендов спречил криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните, соопштија од Управата. Превозникот, а воедно и сопственик на транспортното возило, не го пријавил месото со царинска декларација, ниту пак поседувал ветеринарен сертификат за истото. Настанот се случил во саботата на царинската испостава Богородица на влез во земјава […]

Царинска управа: Спречен шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето

февруари 13, 2024

Мобилен тим на Секторот на контрола и истраги на Царинска управа спречил шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните, што возач на камион во сопственост на грчка фирма сакал да го внесе во државава. Месото од дивеч во вредност од 4 милиони денари, ниту било декларирано во царинската декларација, ниту […]

Деветгодишни деца се отруле со расипана мoртадела во одморалиштето „Радости“ во Охрид

август 4, 2023

Пет деца на возраст од девет години пројавиле симптоми од труење со храна во детското одморалиште „Радости“ во Охрид, потврдија во Државниот здравствен и санитарен инспекторат за Мета.мк. Резултатите од лабораторските анализи на земените примероци од храна, покажале дека три примероци од храна (салата од зелка, сирење и мoртадела) не ги задоволиле прописите од микробиолошка […]

Јајцата, боите за јајца и месото под засилени инспекциски контроли пред Велигден

април 7, 2023

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во пресрет на велигденските празници спроведуваат засилени инспекциски контроли на продажбата на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи. Налог е издаден и за засилување на инспекциските контроли на граничните премини за пратките со јајца кои се увезуваат во земјава, при што акцент е […]

Од утре замрзнуваат цените на јајцата и оризот, ќе се анализираат цените на месните производи

март 20, 2023

Цените на оризот и на јајцата од утре ќе замрзнат на ниво на една од цените која важела во текот на март, рече министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција. „Нема да биде денешната цена, но тоа ќе биде една од цените во текот на месец март. Не сакаме да кажеме која, за да […]

Со исечен видеоматеријал се манипулира дека учесници во реално шоу јаделе човечко месо

јануари 22, 2023

Во фрагментот од видеото што се споделува во овој пост скратен е делот во кој на натпреварувачките им се кажува дека станува збор за шегобијно шоу. Во нивната храна секако, немало човечко месо, ниту пак, станува збор за канибализам, како што невистинито се тврди во постот. Па, со оглед на тоа што еден клучен дел […]

Деновиве ќе поевтинат месото и млечните продукти, поевтина ќе биде и струјата за месната индустрија

ноември 10, 2022

Министерот за економија Крешник Бектеши прогнозира дека деновиве ќе поевтинат цените на месото, млекото и млечните производи од 5 до 12 отсто, а до крајот на годината, ќе има и други намалувања на цените. Како што тој вели, веќе се стабилизирани цените на суровините за маслото за јадење, како и на пченицата и на пченката, […]

Пред да јадете виршли, убаво сварете ги, препорачуваат експертите

септември 23, 2022

Пред да се консумираат виршли, тие треба термички да се обработат, односно убаво да се сварат, зашто тоа е еден од начините за заштита од листерија моноцитогенес. Ова го потенцираат универзитетските професори со кои поразговаравме, откако Агенцијата за храна и ветеринарство вчера соопшти дека донела одлука за повлекување од продажба во земјава на пет серии […]

Холандски град се подготвува да забрани реклами за месо од 2024 година

септември 7, 2022

Градот Харлем во северозападна Холандија се подготвува да стави забрана на најголемиот дел од рекламите за месо од јавниот простор поради влијанието на оваа храна врз климата, пренесе Би-би-си. Градските власти ќе започнат со оваа мерка од 2024 година, а се верува дека Харлем ќе биде првиот град во светот кој ќе воведе ваква забрана. […]

Вистиномер: „Мекдоналдс“ не користи човечко месо во своите производи

јуни 29, 2022

Лажното тврдење дека човечко месо се служи во „Мекдоналдс“, кружи на интернет од 2014 година, кога за првпат беше споделено од веб-страница позната по сатирични објави. „Мекдоналдс“ го отфрли ваквото тврдење на својата веб-страница како одговор на прашање во делот „Вашето право да знаете“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: […]

Производителите на месо најавуваат повисоки цени за 20 до 40 отсто по велигденските празници ако нема ослободување од царина

април 19, 2021

Домашните компании кои произведуваат месо и месни преработки бараат од Владата продолжување на одлуката за ослободување на царините при увоз на суровини за преработка, чија важност завршува на крајот на април годинава. Во спротивно, најавуваат зголемување на цените на месото и на месните преработки после велигденските празници, за 20 до 40 отсто. Одлуката за ослободување […]

Месната индустрија бара да се зголеми увозот на замрзнато месо за да се избегне ценовен шок на производите

март 22, 2021

Групацијата на производителите и преработувачите на месо при Стопанската комора побарала од Министерство за економија да ги врати редовно одобруваните количини од 6.400 тони за увоз на замрзнато свинско месо. Ако не се одобри зголемување на количините за увоз на замрзнато месо, претседателот на Групацијата, Гоце Трајчев истакна дека ќе следува ценовен шок на производите […]

Инспекторите уништиле седум тони небезбедно месо и млечни производи

јули 5, 2019

Околу седум тони небезбедна храна од животинско и неживотинско потекло уништиле инспекторите за храна, официјалните ветеринари и операторите со храна во мај годинава. Се работи за месо и млеко, односно производи од месо и млеко. – Во внатрешниот промет, во истиот временски период спроведени се вкупно 5.534 инспекциски контроли, од нив 4.035 редовни, 528 контролни […]

АХВ забрани увоз на свињи и свинско месо од Бугарија, поради африканска свинска чума

септември 3, 2018

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засили мерките за надзор и контрола на болеста африканска свинска чума, по добиената потврда на 31 август дека оваа болест е присутна во селото Тутраканци во реонот на Варна, Бугарија, информираат од АХВ. „Агенцијата донесе решение за забрана за увоз и транзит на свињи, производи и нус-производи од […]

Агенцијата за храна за шест месеци открила 61 тон небезбедна храна

јули 6, 2018

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека од почетокот на годината до крајот на јуни открила вкупно 60.809 килограми небезбедна храна од животинско потекло, односно месо, производи од месо и од млеко, риби, мед и јајца. Од тоа, АХВ уништила 17.141 килограми небезбедна храна, а поголемиот дел, или 43.668 килограми, биле уништени од фирмите, […]

Забранет увоз на месо, млеко од овци и кози, како и на животни, од Бугарија

јули 2, 2018

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донела Решение со кое се забранува увоз од Бугарија и транзит преку македонска територија на живи домашни и диви мали преживари (овци и кози), како и сперма, јајце клетки и ембриони од домашни и диви мали преживари со потекло од оваа земја. АХБ забранува и увоз на месо, производи […]

Раководството на САСА и синдикатите постигнаа договор за зголемување на платите

мај 11, 2018

Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО), Сојузот на синдикати на Македонија и рудникот за олово и цинк Саса потпишаа спогодба, согласувајќи се на понудата за зголемување на платата, која што компанијата ја достави до синдикатот на 26 април. „Рудникот Саса и неговите нови сопственици од Лондон, „Централ Азија металс“, веруваат дека со оваа прифатена понуда се решава […]

Менаџментот на САСА и синдикатот почнаа преговори за барањата на вработените

април 12, 2018

Преговорите меѓу раководството на рудникот САСА и синдикатот започнаа во седиштето на Мултиетничкиот синдикат на образованието во Скопје (МЕСО). „Од сите присутни на состанокот беше искажана надеж дека овој процес ќе заврши со конкретен резултат од кој ќе бидат задоволни вработените и кој истовремено ќе и овозможи на компанијата да продолжи со својот натамошен развој, од […]

Страна 1 од 2