fbpx

Агенцијата за храна за шест месеци открила 61 тон небезбедна храна

-

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека од почетокот на годината до крајот на јуни открила вкупно 60.809 килограми небезбедна храна од животинско потекло, односно месо, производи од месо и од млеко, риби, мед и јајца.

Од тоа, АХВ уништила 17.141 килограми небезбедна храна, а поголемиот дел, или 43.668 килограми, биле уништени од фирмите, врз основа на налози од Агенцијата.

Од вкупното количество од речиси 61 тон храна, 59,3 тони се од домашно производство, а остатокот од увоз.

Агенцијата ги повикува граѓаните случаи на небезбедна храна да пријавуваат на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22 или електронски на [email protected].

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...