Исхрана во топлотен бран: Јадете краставици, домати, лубеници, а избегнувајте месо

За време на топлотен бран, треба да избегнувате да јадете многу месо или оброци богати со протеини. Дигестијата на протеини бара поголем дигестивен капацитет, кој создава топлина, предупредуваат во ИЈЗ

-

Во денови кога времето е топло како сега, се препорачува граѓаните да консумираат „лесни“ и квалитетни оброци, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Оттаму појаснуваат дека кога е топло, подобро е да се придржува до лесни, разновидни, добро избалансирани и редовни оброци, сочинети од сезонски намирници. Храната со висока содржина на вода, исто така ќе помогне да се биде хидриран во летните временски услови.

„Консумирајте зеленчук со висока содржина на вода, како што се домати, краставици, зелка итн. Внесувајте помалку калории. Консумирајте оброци на течна основа како што се супи и чорби. Консумирајте овошје, особено лубеница, диња, праска, кајсија. За време на топлотен бран, треба да избегнувате да јадете многу месо или оброци богати со протеини. Дигестијата на протеини бара поголем дигестивен капацитет, кој создава топлина“, информираат во ИЈЗ.

Како преку правилна исхрана да ја спремите кожата за изложување на сонце? Во ИЈЗ велат дека широк спектар на студии покажале дека некои витамини (Б3, Ц и Е), каротеноиди, масни киселини и полифеноли може да го намалат ризикот од создавање изгореници од сонце, а со тоа да ја заштитат кожата.

„Внесот на разновидно овошје и зеленчук е основата на за здрава и отпорна кожа Омега-3 масни киселини, витамин Б3, и астаксантин – овие состојки во рибите имаат позитивно дејство врз намалувањето на црвенилото од сончеви изгореници, во зараснување на рани, и да се подобри задржувањето на влагата, а со тоа намалување на појавата на брчки. Како најбогат заеднички извор од животинско потекло за овие три состојки се: лосос, скуша, харинга, сардини ракчиња. Но, нема да „згрешите“ и со другите видови на риби“, потенцираат во Институтот.

Како најбогат заеднички извор од неживотинско потекло за омега 3, витамин Б3 и астаксантин се јаткастите производи како ореви, лешници, бадеми, ф’стаци итн.

Домати, кајсии, дињи, грозје, праски, лубеници и брусница се најбогат заеднички извор на Ликопен, биофлавоноиди, витамин А, С, Е („витамин за убавина”) во храната.

„Со консумирање на овие намирници, можете да ги намалите воспалителните процеси на кожата, предизвикани од дејството на штетните УВ зраци, а со тоа да ги неутрализирате штетните ефекти на изложување на сонцето. Со бета-каротен, пак, кожата побрзо добива потемна боја, се намалува и можноста за појава на алергија на сонце, а секако значаен придонес за побавно стареење на истата. Меѓутоа, за делотворност на бета-каротенот, а со тоа навремена подготовка на кожата за сончање, 2-3 месеци пред летото треба да се зголеми внесот“, наведуваат во ИЈЗ.

Важно е да се напомене, според нив, е дека бета-каротенот треба да се зема во неговата природна форма, односно од храна како портокалово овошје и зеленчук и темнозелен лиснат зеленчук, бидејќи токму тогаш е најефикасен.

„Препорачуваме храна која го содржи во големи количини, како што се: моркови, кајсии, праски, манго, лубеници, дињи, спанаќ, зелена салата, блитва, карфиол, брокула“, додаваат во ИЈЗ.

Порталб: На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура во РСМ?

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од Тетово. Иако...

Стапување во брак прерано и развод на млади години: Приказната на 20 годишната девојка од Скопје во екот на зголемувањето на бројот на разводи...

Прераното стапување во брак и го смени животот на 20 годишната М. Садриу од Скопје, која се откажа од студиите поради љубов, но заврши сама, без надеж и разведена по само...

Македонската Еспорт Федерација стана европски шампиот во Дота 2

Македонија и Македонската Еспорт Федерација вчера испиша историја освојувајќи го првото место на Европското првенство во Dota 2, во рамки на European Esports Championship 2025, што се одржа во Приштина. Нашиот национален тим...

Новинарот Гоше Николов ја доби наградата „Гласник на невидливите“ за 2024 година

Новинарот Гоше Николов е добитник на наградата „Гласник на невидливите“ за минатата година, за текстот објавен на Мета со наслов „Револуција во пристапноста: Трансформативната моќ на вештачката интелигенција за лицата со...

Порталб: На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура во РСМ?

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од...