недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: мед | 31 резултати

11 млади научници ги презентираа своите проекти од областа на животната средина

април 13, 2024

Единаесет млади научници успешно спроведоа 11 научно истражувачки проекти, соопшти Македонското еколошко друштво (МЕД). Оттаму информираат дека станува збор за проекти кои се занимаваат со истражување на биолошката разновидност, но и проекти од областа на заштита на животната средина и кревање на јавната свест. Младите научници, во присуство на своите колеги и некои од менторите, […]

Медена измама: Речиси половина од медот на европските пазари е вештачки

март 28, 2023

Речиси половина од медот увезен во Европската Унија најверојатно е вештачки, покажа истрагата на Канцеларијата за борба против измами на Европската комисија (OLAF) и Заедничкиот истражувачки центар (JRC), пренесе Јуроњуз. Од 320 тестирани примероци на мед, за 147 примероци (46 отсто) постои силен сомнеж дека содржат додавани шеќерни сирупи од ориз, пченица или шеќерна репка […]

Волкот сѐ уште се смета за штетник и е легална мета за чие убивање се добива и награда

септември 14, 2022

Волкот во земјава сѐ уште се смета за штетник. Тој е еден од трите крупни ѕверови кои ги населуваат нашите планини, покрај мечката и рисот, и кој има најмала заштита. Ова животно сѐ уште е легална мета, за чие убивање се добива и награда, иако домашните еколошки здруженија апелираат дека неговата популација опаѓа. Се проценува […]

Преспанското Езеро изумира без своите води, мерките за негова заштита ќе се спроведуваат шест години

август 10, 2022

Широките песочни плажи на Преспанското Езеро се идеални за туристите во летните месеци, сè до оној момент кога посетителите ќе сакаат сончањето да го заменат со капење во езерските води. Тиња, алги, матни и плитки води се секојдневието на секој посетител на Преспанското Езеро, а негативната состојба со повлечените води го вклучува и алармот за […]

Екологистите побараа од министерот Нуредини времено да го заштити Маврово додека не се усвои законот за репрогласување

јули 12, 2022

Националниот парк „Маврово“ да добие привремена заштита, додека не се репрогласи како заштитено подрачје според новиот закон, побараа 28 граѓански здруженија. Барањето, кое е поддржано и од 21 пратеник од интерпартиската парламентарна „Зелена група“, денеска на средба со претставници на Националниот парк „Маврово“, Македонско еколошко друштво (МЕД), „Еко-свест“ и „Фронт 21/42“, му беше предадено и […]

На Осогово одбележан Денот на Натура 2000

мај 21, 2022

Делови од Малешево заедно со Долна Брегалница и Овче Поле се потенцијални подрачја за Натура 2000, беше истакнато на одбележувањето на 21 Мај, Денот на Европската директива за живеалишта. Настанот се одржа во туристичкиот инфо-центар на Пониква, Осоговски Планини, локалитет кој е едно од потенцијалните заштитени подрачја кои ќе бидат дел од мрежата НАТУРА 2000. […]

Вистиномер: Со ореви и мед не се лекуваат болести на тироидната жлезда

април 24, 2022

На пациентите кои имаат болести на тироидната жлезда им е потребен постојан медицински третман и редовни контроли. Првенствено дијагноза, ехо контроли, крвна слика за испитување на хормоните и секојдневна терапија зависно од болеста, секако исклучиво со препорака од специјалист ендокринолог или интернист. Клучно е да се нагласи дека за различните нарушувања на тироидната жлезда се […]

Вистиномер: Лук, мед и оцет не лекуваат канцер

февруари 27, 2022

Не е вистина дека мешавина од лук, мед и оцет лекува канцер, медицински професионалци тврдат дека храната не може да излекува канцер. Исто така, опасно е да се сугерира дека оваа мешавина е лек, а уште помалку за големиот дијапазон на болести опишани во постот, зашто пациентите може да го доживеат третманот на канцер наивно. […]

Академијата за кривични дела против дивиот свет – обуки за заштита на загрозените видови

декември 16, 2021

Ако сакаме ефективно да ги заштитиме загрозените животински видови, борбата со криминалот против дивиот свет е клучна. Жалната вистина е дека луѓето кои стојат зад сериозните кривични како труење на диви животни или пак криволов најчесто поминуваат неказнети, додека тоа придонесува да ги повторат делата, a во меѓувреме дивиот свет трпи огромна штета, велат од […]

Ботаничката градина на ПМФ е место каде ќе може да се видат најретките ендемични растенија од земјава

ноември 19, 2021

Тропски растенија, кактуси, палми, азиски дрвенести растенија и грмушки, некои стари и по седум децении се цел од Ботаничката градина која постои во рамките на Природно математичкиот факултет. На површина од над пет хектари се одгледуваат повеќе од 500 растенија и околу 300 дрвја и грмушки, од целиот свет, како и многу ендемични и ретки, […]

Балканскиот рис повторно снимен како шета низ Галичица

октомври 22, 2021

Млад балкански рис е фотографиран во Националниот парк „Галичица“. За една година, ова е втора фотографија на дивата мачка во овој дел од земјата. Снимката ја споделија официјалната Фејсбук страна на проектот за спас на балканскиот рис Balkan lynx – Rrëqebulli i Ballkanit – Балкански рис, страницата на Македонското еколошко друштво и на Националниот парк. […]

Европска црвена листа на птици: Намалување на популациите на три птици во С.Македонија

октомври 14, 2021

Се намалиле популациите на полската врана, црновратиот нуркач и потполошката, а се стабилизирал бројот на рибарчето. Тоа се главните наоди од истражувањето спроведено од Македонското еколошко друштво, кои се дел од Европската црвена листа на птици за 2021 година, што денеска ја објави BirdLife International. Црвената листа го анализира ризикот од исчезнување на 544 видови […]

Произведуваат мед и имаат сопствен ЗОО парк, запознајте се со средното училиште „Браќа Миладиновци“

септември 2, 2021

Новата учебна година вчера започна и во средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Станува збор за единственото училиште во земјава кое има сопствен зоолошки парк и произведува мед. Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров и директорот на ЦЕЕД Македонија вчера го посетија објектот, при што учениците, наставниците и техничкиот кадар […]

Човекот мора да престане да ги уништува природните живеалишта, а со тоа и биодиверзитетот

август 12, 2021

Уништување на природните живеалишта или нивно загрозување до тој степен животните и растителните видови да немаат услови да преживеат, се реалноста со која се соочува модерното општество. Потребата на човекот да узурпира и искористува ресурси исклучиво за своите потреби е една од најголемите закани за биодиверзитетот. Покрај опасноста што демне од климатските промени кои предизвикуваат […]

Го славиме Денот на животната средина, но затрупани сме со ѓубре и дишиме отровен воздух

јуни 5, 2021

Во С. Македонија постојат 54 легални депонии, но и двојно поголем број на нелегални. Третманот на отпадот е едено од најгорливите прашања со кои земјата се бори со децении наназад. Ниската свест кај граѓаните, но и лошо поставениот и делумно функционален систем на третман на отпадот се едни од главните причини што македонската природа и […]

Рудникот „Саса“ главно прашање на јавната расправа за заштита на Осогово во Македонска Каменица

август 21, 2020

Кои се зоните на заштита во идниот заштитен предел на Осоговските планини, како тоа ќе влијае на работата на рудникот „Саса“ и дали ќе биде дозволен лов, беа главните прашања околку кои се дискутираше на втората јавна расправа по Нацрт-Одлуката за прогласување на дел од Осоговски Планини за заштитен предел која се одржа во Македонска […]

И со новата Стратегија за енергетика, јагленот останува најголемата опасност за природата и живиот свет

април 26, 2020

Продолжувањето со користење на фосилните горива, особено на јагленот како енергенс, е една од најголемите опасности за водата, воздухот, почвата и живиот свет, нотира Оценката на влијанието на Стратегијата за енергетика до 2040 врз животната средина. Анализата ги разгледува влијанијата на Стратегијата како целина и во поширок обем, а нотирани се и негативните и позитивните […]

Причина за ниското ниво на Преспанското Езеро се климатските промени, а не истекот и наводнувањето, велат еколозите

февруари 26, 2020

Последната долга суша е одговорна за досега најголемото опаѓање на нивото на водата на Преспанското Езеро, е ставот на експертите од Македонското еколошко друштво (МЕД). Ова здружение на стручни лица од областа на заштитата на животната средина, гео и биодиверзитетот излезе во јавност со став дека истекот во Охридското Езеро и употребата на водата за […]

Косово до крајот на неделава ќе испрати извештај со анализа за икрите и рибата за порибување

август 20, 2019

Министерот за економија Крешник Бектеши е убеден дека Северна Македонија и Косово нема повторно да се доведат во ситуација на трговска војна. На денешната прес-конференција што ја одржа заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, министерот Бектеши информираше дека Косово до крајот на неделава ќе го испрати неопходниот извештај со анализа […]

Косово забрани увоз на компири и мед од земјава

август 16, 2019

Косовското Министерство за трговија и индустрија денеска воведе забрана за увоз на мед и компири од Северна Македонија, пренесува „Порталб.мк“. Забраната за овие два производа доаѓа како реципрочна мерка на косовските власти по одлуката на македонските власти да го забрани увозот на риба за порибување од Косово, а ќе трае до моментот на преразгледување на […]

Страна 1 од 2