fbpx

Косово до крајот на неделава ќе испрати извештај со анализа за икрите и рибата за порибување

-

Министерот за економија Крешник Бектеши е убеден дека Северна Македонија и Косово нема повторно да се доведат во ситуација на трговска војна. На денешната прес-конференција што ја одржа заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, министерот Бектеши информираше дека Косово до крајот на неделава ќе го испрати неопходниот извештај со анализа на соодветната програма за следење на производите од икра и материјал за порибување.

Ова е договорено на денешната средба на министерот Бектеши со косовскиот министер за трговија и индустрија Ендрид Шала во Приштина. Откако косовската Агенција за храна и ветеринарство ќе ги достави сите неопходни документи, нашата земја ќе донесе одлука со која ќе се овозможи увоз на икри и материјал за порибување од Косово.

– Јас утре писмено ќе го известам министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрид Шала дека во моментот кога тие ќе ги достават тие документи, ние ќе им дозволиме да увезуваат икра и подмладок во Северна Македонија. Очекувам откако ќе го добијат писмото тие да ги укинат бариерите за компир и за мед – истакна Бектеши.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов истакна дека неопходно е да се верификува дали Косово соодветно испитува можност за појава на болести кај рибните производи. Откако ќе добиеме такво уверение дека ги запазуваат сите процедури тогаш ќе биде отстранета бариерата за увоз во Северна Македонија.

Министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрид Шала после состанокот во Приштина кажа дека е постигната согласност нивната Агенција за храна и ветеринарство да достави дополнителни гаранции до Северна Македонија во однос нa икрата и рибата за порибување.

Двајцата министри во Приштина се согласија дека по решавањето на проблемите со активните програми за мониторинг, двете министерства ќе ги отстранат бариерите и мерките за реципроцитет меѓу нив. Северна Македонија во моментов не увезува риби од кои било соседни земји освен Косово, а најголемиот дел од увозот е од земјите на Европската унија, особено од Данска и Холандија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...