Академијата за кривични дела против дивиот свет – обуки за заштита на загрозените видови

-

Ако сакаме ефективно да ги заштитиме загрозените животински видови, борбата со криминалот против дивиот свет е клучна. Жалната вистина е дека луѓето кои стојат зад сериозните кривични како труење на диви животни или пак криволов најчесто поминуваат неказнети, додека тоа придонесува да ги повторат делата, a во меѓувреме дивиот свет трпи огромна штета, велат од Македонското еколошко друштво (МЕД)

„Ова се случува зошто жртвите се безгласни и немоќни, сè додека ние не почнеме да се грижиме за нив и да зборуваме во нивно име“, нагласуваат еколозите.

За промена на оваа сурова реалност се залагаат учесниците на Академијата за кривични дела против дивиот свет преку курсеви за обука како да се детектираат, координираат и истражат кривични дела против дивиот свет, а особено труење на диви животни.

По првиот курс, кој во рамки на академијата се случи ова лето во Шпанија, на кој присуствуваа претставници од МЕД, МВР и Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје како и невладини организации од Балканот, учесниците повторно се сретнаа во ноември за напредниот курс каде имаа можност да ја подобрат нивната специјализација и експертиза.

Фото: Тимот од Македонија- Ненад Петровски од МЕД, Катерина Димевска од МВР, Трпе Ристоски и Ристе Узунов Факултет за Ветеринарна Медицина

Базирано на 15 години искуство, експертите од Регионалната власт на Андалузија и ЕУРОПОЛ беа одговорни за концептуализацијата и спроведувањето на курсот чија цел беше да се обучат државните институции да можат да ги третираат овие кривични дела со сериозноста која ја заслужуваат.

Односно, како што објаснија од МЕД, доколку умре белоглав мршојадец со предавател или пак се појави труп од мечка среде шума, клучните чинители би требало да постапат рутински и да ги преземат потребните чекори за расветлување на случајот.

Учесниците на обуката имаа прилика да научат сè за истрага на местото на злосторството– како да направат систематски истраги и прибирање на доказен материјал користејќи дидактичка логика, а на предавањата беа покриени и низа сродни теми, од прибирање на отпечатоци од прсти, користење тренирани кучиња и тренинг за говор на телото.

Значаен дел од курсот бил посветен и на форензиката која е важен елемент на истрагата каде форензичарите го анализираат доказниот материјал со цел да стигнат до објективни заклучоци за причината на смрт како и гонење на сторителот.

„Единствено заедно може да се бориме против еколошкиот криминал и доколку учиме едни од други“, нагласија од МЕД додавајќи дека Академијата за кривични дела против дивиот свет ќе продолжи да работи посветено на овој сериозен проблем заедно со експертите во оваа проблематика од Европа и пошироко.

Наредната година Академијата ќе вклучи втора генерација учесници од релевантните институции како органите на прогонот, патолози, форензичари, ветеринари и токсиколози а се надеваме дека ќе успее да функционира и во наредните години.

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...