fbpx

Вистиномер: „Мекдоналдс“ не користи човечко месо во своите производи

-

Лажното тврдење дека човечко месо се служи во „Мекдоналдс“, кружи на интернет од 2014 година, кога за првпат беше споделено од веб-страница позната по сатирични објави. „Мекдоналдс“ го отфрли ваквото тврдење на својата веб-страница како одговор на прашање во делот „Вашето право да знаете“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејсбук тврди дека познатиот синџир за брза храна Мекдоналдс, користи човечко месо во своите производи кое било обезбедено од жртви на трговија со луѓе. Ваквите наводи не се точни.

Русите си направија свој Мекдоналдс со руски сопственик и ново име на поранешните локации од американскиот Мекдоналдс Дополна : Мекдоналдс е човечко месо. Жртви на трговија со луѓе. Претежно украдени мажи жени и деца за време на војните ширум светот.Убиените се чуваат во замрзнувачки магацини.При истрага на FBI во САД пронајдена е човечка нога закачена на кука.Заборавена. Можеби и вие сте стретнале заб или трепки во сендвичот. Сега знаете, стои во објавата којашто е предмет на нашата анализа.

Лажното тврдење дека човечко месо се служи во „Мекдоналдс“, кружи на интернет од 2014 година, кога за првпат беше споделено од веб-страница позната по сатирични објави.

„Мекдоналдс“ го отфрли ваквото тврдење на својата веб-страница како одговор на прашање во делот „Вашето право да знаете“.

Немаме човечко месо во нашите хамбургери. Би сакале да ве увериме дека користиме само 100% чисто, халал говедско и пилешко во нашата храна. Тоа е тоа!, се вели во одговорот на компанијата за брза храна.

Во одговорот се дополнува дека „Мекдоналдс“ го набавува говедското месо од „Бразил фудс“ во Абу Даби, а пилешкото месо од „Мекфуд“ во Малезија.

Тврдењето дека „Мекдоналдс“ користи човечко месо во своите хамбургери циркулираа на интернет од 2014 година, кога веб-страницата „Хазлерс“ сподели објава со наслов: „Мекдоналдс откриен дека користи човечко месо! (видеото мора да се види).

Но, статијата е сатира. Написот за „Мекдоналдс“ е намерно креирана  измама од веб-страницата на „Huzlers“, која им нуди на корисниците: „Создадете своја сопствена шега за вести и да ги измамите вашите пријатели споделувајќи ја“. Оваа страница има историја на објавување фабрикувани вести, пишува сајтот за проверка на фактите „Сноупс“. Веб-страницата се опишува себеси како „сатиричен и измислен блог за забава“.

Веб-страницата Huzlers, исто така, одрекува одговорност на своите објави, истакнувајќи дека „Huzlers.com е комбинација од вистински шокантни вести и сатирични вести за да ги задржи своите посетители во состојба на неверување“, додава Сноупс.

Имајќи го предвид сето ова, можеме да заклучиме дека постот што го анализираме е невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....