fbpx

Со исечен видеоматеријал се манипулира дека учесници во реално шоу јаделе човечко месо

-

Во фрагментот од видеото што се споделува во овој пост скратен е делот во кој на натпреварувачките им се кажува дека станува збор за шегобијно шоу. Во нивната храна секако, немало човечко месо, ниту пак, станува збор за канибализам, како што невистинито се тврди во постот. Па, со оглед на тоа што еден клучен дел од шоуто е изоставен (исечен),  постот е со пропуштен контекст, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се споделува видеоматеријал, во којшто се прикажува исечок од телевизиско шоу каде две девојки, се наоѓаат во студио со готвач. Тие треба да погодат која од понудените три состојки – џигер од риба, човечко месо или месо од ајкула, имало во храната која штотуку ја дегустирале. Девојките одговараат дека мислат оти од понудените опции најверојатно пробале месо од ајкула. Меѓутоа, готвачот ги разубедува дека станува збор за специјалитет кој содржи човечко месо и дека тоа е одличен извор на протеини. Едната натпреварувачка демонстративно го напушта студиото, а другата бара кофа за да поврати. И втората натпреварувачка протестира и кажува дека би сакала да биде однапред информирана дека човечко месо би можело да има во дегустираниот специјалитет.

Тука завршува клипот во постот што го рецензираме и за кој авторот вели:

Ова е веќе врв на сатанизмот! Специјалитети со човечко месо! Господи, мавни некој поголем метеор и заврши ја работата веќе.

Меѓутоа, работите не се онакви како што изгледаат во ова видео. Материјалот е исечен на крајот, односно снимката е нецелосна. Целосното видео може да го погледнете на следниот линк.

Во него на натпреварувачите им се открива дека станува збор за пренк шоу, односно дека се шегуваат со нив и секако дека храната не содржела човечко месо како една од состојките.

Името на шоуто е Фејмлес. Тоа е американско шегобијно шоу, водено од Дејвид Спејд, кое се емитуваше на TruTV две сезони од 2015 до 2017 година. Оригиналната нарачка беше за осум епизоди, со дополнителни десет додадени за да се пополни првата сезона, поради позитивните критики и гледаноста.

Во секоја епизода од серијалот имаше група луѓе кои сакаат да станат познати и коишто веруваат дека се на кастинг за реалити шоу. Но, без да знаат, тие навистина снимаат пародија со актери коишто за нив исценираат ситуации за да им се види реакцијата. Сценаријата се претерани и апсурдни, како што може да се види и од сцената со наводното човечко месо во храната.

Во конкретното видео, споделен е само дел од епизодата, а скратен е делот во кој на натпреварувачките им се кажува дека станува збор за шегобијно шоу и дека се дел од шега. Во нивната храна секако, немало човечко месо, ниту пак, станува збор за канибализам, како што невистинито се тврди во постот што го рецензираме.

Со оглед на тоа што еден клучен дел од шоуто е изоставен (исечен),  постот е со пропуштен контекстот. Токму исечениот дел, е оној од кој станува јасно дека се работи за шега (prank) што на натпреварувачките на крајот им се обелоденува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...