Фото: Photo by Kyle Mackie on Unsplash

Групацијата на производителите и преработувачите на месо при Стопанската комора побарала од Министерство за економија да ги врати редовно одобруваните количини од 6.400 тони за увоз на замрзнато свинско месо.

Ако не се одобри зголемување на количините за увоз на замрзнато месо, претседателот на Групацијата, Гоце Трајчев истакна дека ќе следува ценовен шок на производите кои се преработки од месо, како и намалување на производствените капацитети.

Тој исто така рече дека до сега компаниите од оваа индустрија не користеле субвенции за плати и за зачувување на вработените, а исто така помагале и во решавањето на проблемите на домашните производители на свинско месо, со откупот на вишокот.

„Месната индустрија не бара субвенции од државата, туку изедначување на условите за стопанисување, со оглед дека оваа суровина целосно ја увезуваме од ЕУ каде нема царина,“ рече Трајчев.