fbpx

Шведскиот врховен суд го продолжи решението за притвор на Асанж

-

Шведскиот врховен суд ја отфрли жалбата на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, да го поништи решението за негов притвор поради обвинението дека извршил сексуален напад, соопшти судот. Во соопштението се наведува дека одлуката на обвинителот да го испраша Асанж во Лондон влијаело на одлуката на судот да му се продлжи притворот.

Асанж, кон средината на април се согласи да биде испрашан во амбасадата на Еквадор во Лондон, во врска со обвиненијата за сексуален напад.Тој е во амбасадата од јуни 2012 гоодина за да ја избегне испораката во Шведска, поради обвинението за напад на две жени во 2010 година, за што Асанж негира.

Асанж стравува дека ако Велика Британија го испорача на Шведска, тогаш ќе дојде до екстрадиција во САД, каде би можело да му биде судено за издавање доверливи информации, кога пред пет години објави американски и воени дипломатски документи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...