fbpx

Судски записничар нудел вработувања за пари

-

Записничар од Основен суд Скопје 2 лажно му ветил на таксист дека ќе го вработи него и неговиот брат, а за возврат му побарал 4.500 евра. Како гаранција дека ќе ги вработи, им рекол дека е близок пријател со висок фукнционер од МВР.

„Од оштетениот побарал 3.000 евра за неговиот брат и 1.500 евра за него, со изговор дека услугата чинела 3.000 евра по лице, но бидејќи се двајца, затоа за него требало да даде 1.500 евра. За да го убеди во лажните ветувања, го однел оштетениот во зградата каде што живеел функционерот, но кога пристигнале, му кажал дека истиот, наводно, не бил дома“, информираат од МВР.

Во септември 2014 година, во нотарска канцеларија во Скопје, таткото на таксистот на измамникот му дал 3.000 евра, но за да има некаков доказ дека ги дал парите, склучиле договор за девизен заем на износ од 3.000 евра со рок на враќање за период од шест месеци, кој го завериле кај нотарот на предлог на пријавениот.

Во октомври 2014 година, тој му побарал и оштетениот му дал 500 евра и документи, по што измамникот му кажал дека го пријавил на конкурсот за вработување во МВР, а во февруари годинава преку СМС-порака, под изговор дека работата е завршена, пријавениот од оштетениот ги побарал останатите 1.000 евра.

„Според крим-евиденцијата на Министерството за внатрешни работи, против пријавениот претходно е поднесена кривична пријава за фалсификување исправа. Од судија на претходна постапка, на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од осум дена. Министерството за внатрешни работи не ја исклучува можноста пријавениот да измамил и други лица, ветувајќи им вработување“, велат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...