fbpx

Скопјанец фатил и предал на полицијата крадец што сакал да му го ограби домот

-

Триесет и шестгодишен скопјанец е осомничен дека пред една недела се обидел да изврши тешка кражба во куќа на улицата Багдатска, но бил фатен од сопственикот и предаден на полицијата.

Како што информираат оттаму, против Б.Б. била поднесена кривична пријава за обид за тешка кражба, а судија на претходна постапка му одредил мерка претивор од осум дена.

Според полицијата, осомничениот, на 16 април, преку влезната врата, која не била заклучена, влегол во куќата, но бил забележан и фатен од сопственикот, кој успеал да го задржи до доаѓањето на полициската екипа, која го привела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...