fbpx

Скопјанец осомничен за злоупотреба на безвизниот режим

-

Судија на претходна постапка му одредил 30 дена притвор на скопјанецот А.И. (57), осомничен дека организирал и транспортирал македонски државјани во земјите-членки на Европска Унија (ЕУ) како баратели на азил, соопшти МВР.

Против А.И., одделението за насилен криминал, односно отсекот за трговија со луѓе при СВР Скопје, поднело кривична пријава за злоупотреба на безвисниот режим со земјите-членки на ЕУ и на шенгенскиот договор.

Од МВР информираат дека осомничениот во текот на 2013 година во три случаи организирал групи од граѓани од повеќе градови во земјата и со свои или изнајмени возила ги транспортирал преку Грција и преку Италија или преку Косово и преку Србија до градот Дортмунд во Германија, каде се наоѓа главниот камп за баратели на азил.

Тој, на лицата што ги транспортирал, им земал по 150 евра како аванс и дополнителни 150 евра кога ќе стигнеле пред кампот за азиланти во Дортмунд.

Од МВР додаваат дека осомничениот е забележан во нивната криминалистичка евиденција за сторени повеќе кривични дела, како фалсификување исправа, повреда на рамноправноста на граѓаните и прикривање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...