fbpx
Таг: Германија

таг: Германија

Стапи на сила новиот закон за увоз на работна сила во Германија, што носи тој?

На Германија итно ѝ треба стручна работна сила. Политичарите, компаниите и експертите се сложуваат дека дупките на пазарот на трудот мора да се пополнат со помош на странски работници. Од денеска постепено почнува да важи новиот Закон за квалификувана имиграција, пренесува германската новинска агенција ДПА.  Станува збор за „модерен, најсовремен закон за миграција со кој сме предводници во светската конкуренција“,...

Германски компании ја тестираат вештачката интелигенција како замена за работници

Германските производствени гиганти Сименс и Шафлер ја тестираат употребата на вештачката интелигенција за машинска контрола како решение за недостигот на квалификувани работници, пишува германската новинска агенција ДПА. Како копилот, вештачката интелигенција треба да помогне да се програмираат машините побрзо и полесно од човечките колеги, рекоа компаниите во вторникот. Комбинацијата на човечка експертиза и вештачка интелигенција која работи со алатки за обработка...

Германија ќе ги чисти океаните од смртоносна пластика

Германија има намера да ја преземе улогата на глобален лидер во отстранувањето на пластичниот отпад, кој особено влијае на океаните ширум светот, изјави министерката за заштита на животната средина Штефи Лемке, пренесува германската новинска агенција ДПА. „Загадувањето со пластичен отпад има исклучително лошо влијание врз морињата, кои веќе страдаат поради климатските промени и уништувањето на биолошката разновидност“, изјави Лемке за...

Германија во грижи – возовите им доцнат повеќе од планираното

Германската железница доцни и на станиците и во своите цели во однос на точноста. Во октомври, првенствено поради работењето на мрежата, на железничките станици пристигнале точно, што подразбира со максимум шест минути доцнење, само 58,6 отсто од возовите, соопшти во петокот Дојче бан - германската државна железница, пренесува ДПА. Сепак, Дојче бан на почетокот на годинава си поставија цел повеќе...

Германија одбележа 85 години од „Кристалната ноќ“ под сенката на антисемитизмот

Германија во четвртокот одбележа 85 години од „Кристалната ноќ“ и од почетокот на нацистичкиот погром на Евреите. Настанот се одбележа во период на растечки антисемитизам во Германија поради нападите на Хамас на Израел што се случија пред еден месец, пишува германската новинска агенција ДПА. На комеморацијата во една берлинска синагога, канцеларот Олаф Шолц ги повика сограѓаните да го спречат обележувањето...

Германскиот претседател ги повика Арапите да го осудат Хамас

Полицијата за само еден месец регистрирала повеќе од 2.600 кривични дела на територијата на Германија кои се поврзани со судирот на Блискиот Исток меѓу Израел и Хамас, пишува германската новинска агенција ДПА. Најчестите кривични дела што биле извршени се оштетувања на имот, предизвикување омраза и граѓанска непослушност, при што бројот на насилни престапи е троцифрен. Посебна контроверзност предизвикуваат пропалестинските демонстрации...

Филмот „М“ ќе биде прикажан денеска и утре на филмскиот фестивал во Котбус во Германија

Денеска во 13 часот и утре во 18 часот ќе биде прикажан македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија, во рамки на филмскиот фестивал Котбус, кој е еден од водечките меѓународни фестивали на источноевропскиот филм. Како што велат организаторите, фестивалот сака да прикажува добри филмови и да им даде пристап до пазарот, а цели и кон тоа да ги зајакне...

Анкета: Секој четврти човек во Германија се чувствува длабоко осамен

Секој четврти граѓанин на Германија чувствува длабока осаменост, а многу почесто е ова изразено кај депресивните личности, наведува истражување што беше објавено во вторникот, пренесува германската новинска агенција ДПА. Кај личностите кои според сопствени зборови се депресивни, уделот на длабоката осаменост е дури 53 отсто, покажува анкетата на овогодинешниот германски Барометар на депресија. Субјективното чувство на осаменост е утврдено според неколку...

Германија ја менува мигрантската политика, Шолц ги заостри правата

Побрзо процесуирање на барањата за азил во Германија, намалување на социјалните бенефиции, промена на начинот за грижа за мигрантите покрај веќе заострените гранични контроли со соседите се најновите мерки што ги договорија канцеларот Олаф Шолц со водечките германски политичари, а кои наидуваат на различни реакции во германското општество, пишува германската новинска агенција ДПА. Членовите на централно-левичарската коалиција на Шолц го...

Две-третини од учениците и студентите во Германија користат вештачка интелигенција

Генеративната вештачка интелигенција ChatGPT започна да се користи пред околу една година и предизвика светска сензација со својата способност да генерира текст и да учи. Сега редовно го користат мнозинството млади луѓе, според истражувањето на YouGov, пренесува германската новинска агенција ДПА. Имено, повеќе од две-третини, или 68 отсто од учениците, практикантите и студентите користат ChatGPT, Google Bard или слични алатки...

Германската машинска индустрија ги преиспитува своите бизниси во Кина

Многу германски компании во машинскиот сектор ја преиспитуваат својата деловна стратегија кон Кина - речиси половина, според резултатите од истражување, пренесува германската новинска агенција ДПА. Индустриското здружение ВДМА вчера објавило дека тоа 45 отсто од 304 компании кои учествувале во истражувањето ја преиспитуваат деловната стратегија кон Кина. Главните причини за тоа, според истражувањето, се тешките деловни услови во Кина, интензивирањето на...

Вештачката интелигенција носи поефикасна иднина, порачува германскиот вицеканцелар

Вештачката интелигенција претставува првенствено голема можност за светот, иако има ризици и предизвици, изјави германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек, јавува новинската агенција ДПА.  Неговите коментари доаѓаат за време на посетата на Обединетото Кралство, каде присуствуваше на глобалниот Самит за безбедност во вештачката интелигенција, кој се одржува во Милтон Кејнс во близина на Лондон. Технологијата може да направи нештата...

Германската индустрија за храна се соочува со недостиг на работници

Германската прехранбена индустрија се соочува со сериозен недостиг на квалификувана работна сила, а сето ова се заострува со непостоечкиот интерес за практичните обуки и растечките трошоци за производство, пишува германската новинска агенција ДПА.  „Бројот на отворени работни места во германската прехранбена индустрија е над европскиот просек. Потребата за работници трае веќе подолго“, изјави во среда директорката на Здруженијата на работодавци...

Престанете да сонувате за исфрлање на јагленот до 2030 година, вели германски министер

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер ја стави под знак прашалник способноста на Германија за фазно исфрлање на јагленот како енергетски извор до 2030 година, цел којашто беше поставена во договорот на владејачката германска коалиција пред две години, пишува германската новинска агенција ДПА. „Сè додека не е јасно дека енергијата е достапна под пристапни услови, ние треба да престанеме со...

Германскиот министер за одбрана: Мора да бидеме спремни за одбранбена војна во Европа

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус повторно предупреди од опасноста за војна во Европа. Руската агресија врз Украина ја постави Германија пред нова реалност од која се одвикна уште пред 30 години, изјави вчера Писториус за радиото Дојчландфунк, пренесува германската новинска агенција ДПА.  „Ние психички за тоа не сме подготвени“, изјави министерот говорејќи за можниот напад од странски агресор. Но,...

Германската економија летово во рецесија, минусот ќе се надмине следната година

Германија и летово не успеа да фати економски залет и потона во рецесија, соопшти во понеделникот сојузниот завод за статистика, пренесува германската новинска агенција ДПА. Според податоците без сезонските и инфлаторните влијанија, бруто домашниот производ (БДП) од почетокот на јули до крајот на септември бил за 0,1 отсто помал отколку во третиот квартал од 2022 година. Економистите и владата сега очекуваат...

Германската министерка за образование: Внимателно со научната соработка со Кина

Неопходно е внимание во научната соработка со Кина, изјави германската министерка за образование и истражувања Бетина Штарк-Вацингер, пренесува германската новинска агенција ДПА.  „Позади секој кинески истражувач може да се крие Комунистичката партија, тоа треба да ни биде јасно“, изјави министерката за весникот „Велт“. Таа инсистира дека треба да се проверат сите облици на соработка, вклучувајќи ја и онаа помеѓу универзитетите, а...

Германските медиуми организираат кампања против ширењето дезинформации

Догодина германските медиуми во соработка со регулаторните тела, фондациите и научните институти ќе организираат кампања чија цел е да се насочи вниманието на јавноста за важноста на доверливите информации, јавува германската новинска агенција ДПА. Акцијата исто така ќе промовира безбеден пристап до вестите, рекоа во четвртокот, организаторите на кампањата во Берлин. Кампањата „Година на вестите“ опфаќа активности, како што се: секојдневни...

Студија: Евидентен расизам и дискриминација на луѓето од црната раса во ЕУ

Во студија спроведена за расизмот врз црната раса низ 13 земји на ЕУ, Европската агенција за фундаментални права (FRA) во средата соопшти дека Германија се рангира најлошо во многу области, пренесува новинската агенција ДПА. Приближно 77 проценти од испитаниците во Германија изјавиле дека биле дискриминирани во последните пет години поради бојата на кожата, нивното потекло или нивната религија, се вели...

Крај на кабелската џунгла – во Германија ќе се користат кабли само со USB-C приклучок

Германија од 2025 година ќе воведе единствен стандард за полнење на мобилни уреди и на пазарот ќе останат само кабли со USB-C приклучок. Одлуката е во согласност со директивата на Европската Унија, пренесува германската новинска агенција ДПА. Вчера владата на канцеларот Олаф Шолц одобрила нацрт-амандман на законот за стандардизација, соопшти Министерството за економија. „Со измената на законот се избројани деновите на...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...