Германија во четвртокот одбележа 85 години од „Кристалната ноќ“ и од почетокот на нацистичкиот погром на Евреите. Настанот се одбележа во период на растечки антисемитизам во Германија поради нападите на Хамас на Израел што се случија пред еден месец, пишува германската новинска агенција ДПА.
На комеморацијата во една берлинска синагога, канцеларот Олаф Шолц ги повика сограѓаните да го спречат обележувањето на Евреите кое трае со векови.
„Тоа е срамота. Јас сум разочаран и засрамен“, изјави Шолц во присуство на претседателот на Централниот совет на Евреите во Германија Јозеф Шустер.
Антисемитските испади значително се зголемија во Германија од почетокот на израелските операции во Газа, кои се одговор на терористичкиот напад на Хамас од 7 октомври.
На поединечни пропалестински собири имаше отворено пропагирање на омраза против Евреите и повик за уништување на Израел. Бројни Евреи во Германија наведуваат дека се вознемирени и исплашени кога отворено говорат за својата припадност и бараат посилна заштита од државата.
Шолц изјави дека е сеедно од каде антисемитизмот доаѓа, нема разлика дали е политички или религиски, од десно или лево, од Германија или од надвор.
„Било каков антисемитизам го труе нашето општество, така како што сега го вршат исламистичките демонстрации и протести“, изјави Шолц.
Тој додаде дека нема да го трпат антисемитизмот, заканувајќи им се на доселениците дека со антиеврејското однесување си го ризикуваат своето право на престој во Германија.
Шустер изјави дека е ужаснат од искажувањето омраза кон Евреите на демонстрациите против Израел.
„Кој сака, може да разбере зошто терористичкиот напад на Израел во еврејската заедница, па и во Германија, отвора длабоки трауми, страв и несигурност… а мора да се знае што чувствуваме кога на куќите на Евреите повторно се појавуваат Давидови ѕвезди“, изјави тој.
Нацистите ноќта на 9 ноември 1938 година го започнаа погромот на Евреите. Ноќта поради искршеното стакло на еврејските продавници го доби името „Кристална ноќ“.
Според податоците на Германскиот историски музеј, тие денови во земјава се убиени повеќе од 1.300 луѓе, над 1.000 синагоги се уништени или оштетени, нападнати се над 1.000 продавници, додека 30.000 Евреи се однесени во концентрациони логори.
Многу граѓани во разбивањето на имотот на Евреите им се придружиле на припадниците на Хитлеровите сили СА, а многу малку луѓе на целиот погром се спротивставил.