среда, 12 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: антисемитизам | 16 резултати

Радикалната десница со рекордна поддршка, германските служби со предупредување

12 јануари 2024

Радикалната десничарска партија Алтернатива за Германија (АФД) за првпат успеа да се искачи на анкетите со поддршка од 24 отсто од германските граѓани, покажува истражувањето на институтот Југов, јавува германската новинска агенција ДПА. Ова е потврда на трендот за раст на поддршката на АФД од изминатите месеци, бидејќи партијата веќе подолго време на анкетите на […]

Претседателката на Харвард даде оставка, обвинета за антисемитизам и плагијаторство

3 јануари 2024

Претседателката на Универзитетот Харвард, Клодин Геј, поднесе оставка откако беше критикувана за нејзините одговори на сведочењето пред американскиот Конгрес, односно за начинот на кој се справила со наводниот антисемитизам на кампусот од страна на студентите кои протестирале во поддршка на Палестина по нападот на Хамас врз Израел и израелската контраофанзива. Дополнително, таа беше обвинета за […]

Со руски измислени „докази“се шири антисемитска пропаганда

26 декември 2023

Една од најпознатите измислици за „еврејскиот заговор“ и воедно најпознатиот фалсификат со трагични последици во светската историја се  т.н. „Протоколите на сионските мудреци“. Станува збор за опасна лага, публикација која е создадена во Русија во првата деценија на 20 век, која се проширила низ целиот свет веднаш по Болшевичката револуција, иако е измислица. Евреите како […]

Германија одбележа 85 години од „Кристалната ноќ“ под сенката на антисемитизмот

10 ноември 2023

Германија во четвртокот одбележа 85 години од „Кристалната ноќ“ и од почетокот на нацистичкиот погром на Евреите. Настанот се одбележа во период на растечки антисемитизам во Германија поради нападите на Хамас на Израел што се случија пред еден месец, пишува германската новинска агенција ДПА. На комеморацијата во една берлинска синагога, канцеларот Олаф Шолц ги повика […]

Фејсбук забранува нацистичка и антисемитистичка содржина

11 јули 2023

Не само што Фејсбук не вели дека „Хитлер бил добар човек, демократ кој се борел за права“, како што се тврди во постот, туку и ги санкционира таквите наративи и измислици. Во однос на тенденциозната констатација дека „не е случајно“ тоа што „Зеленски е пуштен на најјако“, Фејсбук нема никаква врска креирање или споделување содржини […]

Илон Маск го клевети Џорџ Сорос дека „го мрази човештвото“

17 мај 2023

Илон Маск упати серија напади кон Џорџ Сорос, твитајќи дека либералниот филантроп со еврејско потекло го мрази човештвото и „сака да ја нагризе самата структура на цивилизацијата“. Сорос често е подложен на антисемитски теории на заговор, пишува Вашингтон пост. Под закрилата на Маск, на Твитер се зголемува ширењето на антисемитизмот и другите облици на говор […]

Фејсбук отстранил седум милиони постови поради дезинформации за корона вирусот

12 август 2020

Во вториот квартал на годинава, односно од почетокот на април до крајот на јуни, Фејсбук отстранил вкупно седум милиони постови, поради ширење дезинформации за корона вирусот, вклучително и оние со препораки за неправилни мерки за заштита или за некои лекарства или начини за лекување. Во соопштението од најголемата социјална мрежа на светот се појаснува и […]

Евреите од Бугарија: Прогласувањето „соросоиди“ и од Каракачанов и од сите други е еднакво на антисемитизам

11 август 2020

На изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, како и претседател на бугарската партија ВМРО, Красимир Каракачанов, „Соросоидни НВО-а сакаат да ја земат власта, да воведат геј бракови“, реагираше Организацијата на Евреите во Бугарија (ОЕБ) „Шалом“, која порача дека ваквата реторика е антисемитистичка во срж. Каракачанов ја даде оваа изјава на 32-от ден на […]

Не, Израел не се заканил дека ќе ја наполни Европа со мигранти

23 јануари 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од […]

Меркел го осуди порастот на антисемитизмот во Германија

27 јануари 2018

Германската канцеларка, Ангела Меркле денеска, по повод одбележувањето на Маѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот, го осуди „оживувањето“ на антисемитизмот во Германија и ја оцени како срамна неопходноста еврејските објекти и понатаму да ги штити полицијата. – Повеќе од кога и да било е потребно да се сеќаваме на милионите жртви на Холокаустот, […]

Антисемитски и антикомунистички графити на советски споменик во Пловдив

13 ноември 2017

Со графити со кукасти крстови, со антисемитски пораки „Убиј го Евреинот“ и „Комунизам – Еврејство“, како и навреди за Марија Захарова, министерката за надорешни работи, во петокот осамна споменикот „Аљоша“, познат како „Советскиот споменик“ во бугарскиот град Пловдив. Иако по неколку часа графитите се избришани, настанот крена бура во социјалните медиуми. Со различни реакции се […]

Обама: Антисемитизмот е во пораст

28 јануари 2016

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека не може да негира дека антисемитизмот е во пораст, истакнувајќи дека нападот на една вера е напад на сите вери. Сите нации, кои ја почитуваат толеранцијата, мора да се огласат кога Евреите и другите припадници на верските малцинства се нападнати, изјави синоќа Обама во израелската амбасада во Вашингтон. Обама […]

Страна 1 од 1