fbpx

Русија продолжува со напади врз градот Авдивка

Генералштабот на Украина во својот последен вечерен извештај тврди дека силите одбиле 11 напади кај Авдивка

-

Генералштабот на Украина изјавува дека вчера продолжила одбраната од руските напади во близина на градот Авдивка. Руските сили од средината на октомври се обидуваат да го опколат градот Авдиивка, познат по фабриката за кокс и неговата позиција како порта кон градот Донецк, пренесува Гардијан.

Генералштабот на Украина, во својот последен вечерен извештај тврди дека силите одбиле 11 напади кај Авдивка, 15 во блискиот сектор Маринка и 22 североисточно во Бахмут, град кој Русите го зазеле во мај. Шест напади биле одбиени и на север во близина на Купјанск, каде што биле активни руските сили.

Рускиот истражен комитет, во извештајот за борбите во четвртокот, кажа дека украинските сили го гранатирале градот Скадовск во областа окупирана од Русија во јужниот дел на Херсон. Украинските вести и онлајн набљудувачите пак велат дека целта била база на руската безбедносна служба ФСБ во Скадовск. Пријавени се мртви и ранети.

„Значи, окупаторите добро знаат дека не се безбедни, дека се набљудувани и дека можат да бидат уништени во секое време. Украина користи високопрецизно оружје за овие напади“ коментира Антон Герашченко од Министерството за внатрешни работи на Украина, за нападот на Скадовск.

Руското Министерство за одбрана извести за напади врз украински војници и опрема во близина на Бахмут, но не е можно да се потврдат извештаите од двете страни во конфликтот.

Генералштабот на Украина исто така додава дека во текот на изминатите 24 часа, вкупно 69 борбени ангажмани биле забележани низ првите борбени линии во Украина, соопштува Укринформ.

Дополнително во текот на ноќта, руските војници пукале во предградието на Херсон – Комишани, каде е оштетено училиште. Роман Мрочко, шеф на воената управа на градот Херсон на Фејсбук објави дека во оштетеното училиште учеле речиси 800 деца, а не секоја образовна институција во Херсон има толку многу студенти.

Соопштено е и дека на 9 ноември руската армија пукала 97 пати во областа Херсон. Две лица загинале, а пет други се повредени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...