fbpx

Германската машинска индустрија ги преиспитува своите бизниси во Кина

Главните причини за тоа, според истражувањето, се тешките деловни услови во Кина, интензивирањето на геополитичката тензија и притисокот врз кинеските компании да се фокусираат на локалните добавувачи и производи

-

Многу германски компании во машинскиот сектор ја преиспитуваат својата деловна стратегија кон Кина – речиси половина, според резултатите од истражување, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Индустриското здружение ВДМА вчера објавило дека тоа 45 отсто од 304 компании кои учествувале во истражувањето ја преиспитуваат деловната стратегија кон Кина.

Главните причини за тоа, според истражувањето, се тешките деловни услови во Кина, интензивирањето на геополитичката тензија и притисокот врз кинеските компании да се фокусираат на локалните добавувачи и производи.

„Гледаме дека конкурентноста на локалните компании е значително зголемена поради подобриот квалитет и технологија, но и поради тоа што државата повеќе интервенира во индустриската политика“, изјавил експертот за надворешна трговија на ВДМА, Улрих Акерман.

Германските компании можат да бараат решение во, на пример, диверзификација на нивните продажни пазари и синџири на снабдување, рече Акерман.

„Во моментов, за многумина, тоа значи фокусирање на американскиот пазар – покрај Кина – и барање нови можности во Индија“.

Сепак, според истражувањето, 86 отсто од германските производители на машини сè уште имаат доверба во кинескиот пазар. Во исто време, 42 отсто сакаат да го прошират бизнисот во Кина, додека 25 отсто се неопределени.

Во истражувањето учествуваа компании-членки на ВДМА во Германија и Кина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...