fbpx
Таг: ВМРО-ДПМНЕ

таг: ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Да веруваше Заев во анкетата на „Телма“ ќе излезеше на нови избори

СДСМ загуби на изборите, а народот му порача на аболираниот криминалец Зоран Заев дека нема да дозволи такви ликови да ја водат државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната анкета која ја објави телевизија „Телма“. „Секогаш кога СДСМ е во паника прибегнува кон истите методи на лаги и манипулации. Доколку Заев барем малку веруваше во анкетите на ’Телма’ и во порастот...

ЛДП: Власта во заминување ја „промовира“ државата и по отровот што го дишеме

Власта во заминување, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на сите нас, ја „промовира“ државата во светот и по отровот што го дишеме, велат од ЛДП. „Трите најголеми градови во Македонија, Скопје, Битола и Тетово, ги полнат весниците и научните списанија низ светот токму поради енормно загадениот воздух кој, за жал, секојдневно го дишеме ние и нашите сограѓани. Власта на ВМРО-ДПМНЕ...

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да ги разгледа доказите за тендерите во „Струмица гас“

ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика Јавното обвинителство да не подлегнува на притисоци од СДСМ и да ги разгледа доказите за тендерите во Јавното претпријатие „Струмица гас“ согласно законот. „Предметот веќе е во рацете на Јавното обвинителство кое не смее да подлегнува на политичките притисоци од СДСМ. Доставените докази треба да бидат разгледани согласно законот. Секој што крадел мора да одговара. Криење...

Анкета: Граѓаните се против нови избори, сакаат широка коалиција

Доколку утре се одржат избори ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе бидат речиси изедначени, покажува најновата анкета на агенцијата „М-проспект“ направена по нарачка на телевизија „Телма“. За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23,3 отсто од граѓаните, за СДСМ 23 отсто. Единствено промена би имало кај партиите на Албанците. Кога сега би се одржале избори Беса би била изедначена со ДУИ, односно би добила 3,5 отсто,...

Ахмети – Тимоние: ДУИ е под ирационален медиумски притисок, но не е ничиј сервис

Демократската унија за интеграција (ДУИ) не се брза, туку сака да се осигури дека очекувањата на граѓаните ќе се исполнат, заедно со „разгледувањето и расветлување на оспорените случаи како 'Монструм', 'Сопот', 'Куманово' (Диво насеље) и прислушувањата. Ова го истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешната средба со Кристијан Тимоние, aмбасадор на Франција. На средбата, како што соопштуваат од партијата,...

ОЈО Скопје потврди дека води истрага против политичка партија за изборни нерегуларности

Основното јавно обвинителство Скопје отворило постапка против „едно лице - организатор на изборна кампања и други лица“, како и против правно лице за кривично дело злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања. Во соопштението на Јавното обвинителство не е конкретно наведено за кои лица станува збор, но извесно е дека се работи за политичка партија. „Постапувајќи по кривична пријава поднесена...

СДСМ: Јакимовски ќе се соочи со својот политички крај исто како Груевски

Стевчо Јакимовски ќе се соочи со својот политички крај, исто како што тоа му се случи на неговиот ментор Никола Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ на интервјуто на градоначалникот на општина Карпош за „Радио Слободна Европа“. Од СДСМ велат дека на парламентарните избори на 11 декември граѓаните на Карпош кажале што мислат за работата на Јакимовски и на...

СДСМ: Интервјуто на Груевски е потврда дека неговото време е завршено

Политичките процеси во Македонија повеќе не зависат од Никола Груевски и од криминалните структури што 10 години ја влечат Македонија кон дното, а вчерашното интервју на Груевски е потврда дека неговото време е завршено, се вели во реакцијата на СДСМ. „Во политиката во Македонија повеќе нема место за политичари кои го крадат и го лажат својот народ, нанесуваат зло и...

Јакимовски: Загадувањето во Карпош доаѓа од другите општини

Загадувањето во општина Карпош претежно доаѓа од другите - соседни општини, каде што домаќинствата користат дрва, ќумур или друг начин на греење, вели градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. „Загадувањето не е проблем на една општина во Скопје. Загадувањето е проблем од Шар Планина па се до Дервенската клисура. Значи мерки мора да...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос сакаат да ги уништат медиумите врз кои немаат контрола

СДСМ и Сорос сакаат да ги заплашат и уништат медиумите врз кои немаат контрола и активно се борат против секоја мисла различна од нивната, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Затоа аболицираниот криминалец Зоран Заев за свои политички непријатели нарече неколку национални телевизии и весници. Соросовиот новинарски синдикат призна дека Зоран Заев се шетал и ги злоупотребувал приватните разговори...

Груевски: Хан сфати дека влада на широка коалиција е неизводлива идеја

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за телевизијата „Нова“ изјави дека еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во земјава дошол со идеја да ги охрабри политичките партии за широка владина коалиција, но по разговорите со партиските лидери дошол до заклучок дека такво нешто не е изводливо. - Низ разговорите тој сфати дека во Македонија широката коалиција е...

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева прави „медиумски спектакли“ од случаи без покритие

Наместо да го гони криминалот, Специјалното jавно Обвинителство го „штити и аболицира криминалецот Зоран Заев и понизно ги спроведува неговите нарачки“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Катица Јанева го даде крунскиот доказ дека платеничката револуција за наводна нејзина поддршка, била всушност платеничка револуција во режија на Сорос/СДСМ само за да се спасат од кривичен прогон Заев, Верушевски...

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протести во Охрид, СДСМ предупредува на притисоци

По вчерашните протести на членството и на симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, против, како што велат, притисоците на СЈО, раководството на локалниот разгранок најави дека тие ќе продолжат и во наредните денови. Во меѓувреме, се огласија од општинскиот разгранок на СДСМ во Охрид, од каде, како што велат, ги охрабруваат вработените во јавните институции да не подлегнуваат на паничните реакции на криминалната власт...

ВМРО-ДПМНЕ: Туфекџиќ и Богоевски донирале во партија водена од аболиран криминалец

„Ивана Туфекџиќ и Павле Богоевски се типичен пример за лажниот морал и за лицемерноста на СДСМ и на Сорос. Едно кажуваат, друго прават“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Невработената студентка од платеничката револуција на Сорос, Ивана Туфекџиќ, донирала 118.000 денари за СДСМ. Овие пари во вредност од 40 просечни студентски стипендии, невработената студентка Туфекџиќ реши да ги донира на аболираниот криминалец Зоран Заев....

Груевски на Хан му задоцни 40 минути, не сакаше да го снимаат и не даде изјава

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва не даде изјава за медиумите по средбата со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, како што тоа претходно го направија сите други политички лидери по средбите со еврокомесарот. Според најавите, за деталите од средбата на Груевски со Хан и за ставовите на партијата околу актуелната политичка ситуација за состав на влада, ВМРО-ДПМНЕ...

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО да работи законски, а не да се заканува на чесни граѓани

Правото на протест е загарантирано со Уставот на Република Македонија, кој во членот 21 вели дека граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест, a заканите од страна на Специјалното јавно обвинителство упатени по одржаниот протест се уште еден чин кој се коси со највисокиот правен акт, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението...

Распуштање на СЈО, побараа членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид

Поголема група симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска напладне одржаа мирен собир пред Секторот за внатрешни работи во Охрид, каде неколку дена на информативен разговор се повикуваат членови на партијата, во врска со финансирањето на партијата и со личните донации за изборите во 2014 година. Меѓу демонстрантите, доминираа вработени во здравствените организации од Охрид, јавните претпријатија, локалната самоуправа и други. Насобраните...

СЈО за протестите во Охрид: Секое влијание врз сведоци е кривично дело

Специјалното јавно обвинителство соопшти дека е повредена тајноста на предистражната постапка во рамките на која повеќе лица во Охрид се повикани да дадат исказ како сведоци. Денеска, по вонредната седница на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, членови и симпатизери на партијата излегоа на протест против истрагата на СЈО. Од СЈО велат дека секој вид влијание врз сведоците е кривично дело. „Во...

ВМРО-ДПМНЕ: Искреноста и мудроста на Ахмети сега се на многу сериозен тест

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со членовите на извршниот комитет на партијата, Никола Попоски и Никола Тодоров, се сретнал со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние, известува партијата во соопштение, кое е долго и полно со детали и со објаснувања, какви што станаа редовна практика во последно време. Францускиот амбасадор истакнал дека тоа што ѝ го посакува на Македонија е...

ВМРО-ДПМНЕ на протести во Охрид против СЈО

По вонредната седница на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, од утринава, за денеска се закажани протести на членството и на симпатизери на партијата, против, како што велат, притисоците на СЈО. Протестната поворка треба да мине по централните градски улици и да заврши пред зградата на СВР од Охрид, каде СЈО, наводно, ги извршува разговорите со функционерите и со членовите на ВМРО-ДПМНЕ. СЈО...