fbpx

Распуштање на СЈО, побараа членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид

-

Поголема група симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска напладне одржаа мирен собир пред Секторот за внатрешни работи во Охрид, каде неколку дена на информативен разговор се повикуваат членови на партијата, во врска со финансирањето на партијата и со личните донации за изборите во 2014 година.

Меѓу демонстрантите, доминираа вработени во здравствените организации од Охрид, јавните претпријатија, локалната самоуправа и други.

Насобраните носеа транспаренти „СЈО против Македонија“, „СЈО слуги на Заев“, „Зошто го браните ПУЧ?“ и извикува „Уа“,„Македонија, Македонија“ и слично.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, се пожали дека ова е „селективно“, а не „специјално“ јавно обвинителство и побара СЈО да ги отвори прислушуваните разговори кои, како што рече, покажуваат како Охрид осум години бил краден од СДСМ, при што недостигаат 40 милиони евра.

Тој постави прашање до СЈО зошто членови на ВМРО-ДПМНЕ биле повикувани да сведочат за донации што ги давале од свои лични средства. Вели дека како пратеник и во изминатиот состав на парламентот, гласал за формирање на СЈО, но потоа бил разочаран од нив, затоа што телото зазело страна.

protestOH
Љубен Арнаудов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Охрид

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Љубен Арнаудов, обвини дека синоќа членови на партијата биле барани од полицијата со заплашувања и со притисоци.

Каролина Буџакоска сведочеше дека синоќа пред нејзиниот дом, како член на ВМРО-ДПМНЕ, била повикана од службеници на СВР од Охрид, како сведок.

– Ова нема никаква смисла, СЈО да ги малтретира граѓаните. Повикана сум да сведочам за донација која сум ја дала во партијата. Секогаш сум донирала за партијата, за сиромашни, за болни, за лица кои биле засегнати од поплави, земјотреси – додаде Буџакоска.

Функционерите и членови на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и актуелни и поранешни директори на државни институции и служби, здравствени организации, јавни претпријатија и истакнати членови на партијата, биле повикани пред тим од истражители на СЈО, дојдени во Охрид на распит, како дел од предистражна постапка за изборно финансирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...