fbpx

ЛДП: Власта во заминување ја „промовира“ државата и по отровот што го дишеме

-

Власта во заминување, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на сите нас, ја „промовира“ државата во светот и по отровот што го дишеме, велат од ЛДП.

„Трите најголеми градови во Македонија, Скопје, Битола и Тетово, ги полнат весниците и научните списанија низ светот токму поради енормно загадениот воздух кој, за жал, секојдневно го дишеме ние и нашите сограѓани. Власта на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десет години покажа дека ниту имала стратегија, ниту начин како да се справи со високото загадување во градските средини. Наспроти тоа, таа од чист популизам допушти без малку неконтролиран увоз на стари возила и експанзија на неодржливата и прекумерна градба, која е спротивна на еколошките стандарди во развиените европски држави“, велат од партијата.

Според ЛДП, власта дозволила безмилосно уништување на зеленилото и претерано користење на фосилни горива кои придонесуваат за зголемување на концентрацијата на ПМ-2,5 и ПМ-10 честички над максимално дозволените граници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...