fbpx
Таг: ВМРО-ДПМНЕ

таг: ВМРО-ДПМНЕ

ЛДП: Власта во заминување да не си игра со егзистенцијата на вработените во МЖ

Шести ден патничките и товарните возови во Македонија не сообраќаат поради протестот на вработените во „Македонски железници“, кои бараат исплата на јануарската плата, а штети трпат и патниците и компаниите, се вели во соопштението на Либерално-демократската партија (ЛДП). Во него се додава дека ова е уште еден доказ дека власта во заминување си поигрува со егзистенцијата на вработените во МЖ...

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе стоиме цврсто на бедемот на одбраната на државните интереси

Наша историска и идеолошка определба, но и мандат даден од мнозинството граѓани, е заштитата на државните и на националните интереси во која било форма, велат од ВМРО-ДПМНЕ и истакнуваат дека ќе стојат цврсто на бедемот на одбраната на тие интереси. „ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи дефакторизација на македонскиот народ и на другите етнички заедници што живеат во Македонија. Тоа што го најавувавме...

СДСМ: Има само „дефакторизација“ на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните на Македонија го избраа концептот на заедништво, наспроти концептот на поделби и тие веќе ги одбранија интересите на Македонија, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека „СДСМ и ДУИ сакаат да направат „дефакторизација“ на македонскиот народ“. Во соопштението се вели дека „сите граѓани знаат дека Никола Груевски ги употребува своите последни...

Груевски: СДСМ и ДУИ сакаат да направат „дефакторизација“ на македонскиот народ

„СДСМ и ДУИ сакаат да направат „дефакторизација“ на македонскиот народ. Она што сега се случува, покажува дека СДСМ е цврсто влезена во намера да ја редефинира Македонија. Но, морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе стојат цврсто во која било ситуација на браникот и одбраната на државата и националните интереси“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола...

ВМРО-ДПМНЕ: Нова хистерична епизода на Јанева и на Фетаи

Катица Јанева и Фатиме Фетаи продолжуваат да прават циркус од себе и со своето непознавање на правото и со недоличното однесување се срам за целокупниот правосуден систем во Македонија, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ, по случувањата на судското рочиште за насилствата пред Општина Центар, за кои меѓу обвинетите е и лидерот на партијата, Никола Груевски. - Правната инфериорност и немањето докази...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го претвори СДСМ во промотор и во заштитник на криминалот

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и „злосторничкото здружение во раководството на партијата“ го претвориле СДСМ во „партија на подземјето и промотор и заштитник на сè што е незаконско и криминално“. - Заев и раководството на СДСМ се во близок контакт и соработка со криминалци како Захир Бекири-Чауш, кој им служеше за фалсификување пасоши и за банкарски...

По новиот распоред на судиите СДСМ најавува реизбор, а ВМРО-ДПМНЕ обвинува за притисоци

Во Македонија ќе има целосен реизбор на судии, кои ќе работат за заштита на граѓаните, а не по партиски директиви како досега, велат од СДСМ, по информациите дека Основниот суд Скопје 1 донел нов годишен распоред на судии, со кој извесен број судии, кои досега работеа на кривични предмети, се прераспоредени во одделот за прекршоци. - Сите обиди на криминалците и...

Илијовски: Градинката што ја изгради Жерновски покажува знаци на неквалитет

И кога првпат во својот мандат се осмели да изгради градинка, Андреј Жерновски ја изгради фушерски, изјави на денеска на прес-конференција Илија Илијовски од ВМРО-ДПМНЕ. Илијовски вели дека градинката која чини 2 милиони евра уште веднаш почнала да покажува знаци на неквалитет. - Плочникот во дворот веќе е целосно руиниран и уништен. Автомобили поминуваат и се паркираат врз него секој ден....

СДСМ ја остави „Македонски железници“ на цедило, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ имаше доволно време да покаже грижа за вработените во железницата и целокупно за железничката инфраструктура и сообраќај, но наместо тоа отпушти голем дел од вработените, а компанијата ја остави на цедило, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Благој Бочварски од СДСМ. „Оваа влада предводена од ВМРО–ДПМНЕ нема да дозволи СДСМ да си поигрува со вработените во железницата....

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наредува напади и се заканува на новинари што не ги контролира

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение го обвини СДСМ дека „криминалци“ од редовите на оваа партија наредуваат напади врз медиуми и им се закануваат на сите новинари што не се под контрола на СДСМ и на Сорос. „Нападната беше новинарката на телевизија „Сител“, Ивона Талевска, нападнат беше новинарот Јанко Илковски, нападнат беше Дејан Николовски, Антонио Димитриевски, Бобан Нонковиќ, нападната беше новинарската екипа на „Република“,...

Милошоски: Мандатот на СЈО истекува во јуни и ние им посакуваме сè најдобро – до јуни

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, во интервју за „Сител“, изјави дека став на меѓународната заедница е оти е потребно продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство (рокот за завршување на истрагите и за поднесување обвиненија, н.з.). Пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пак, синоќа, во интервју за истата телевизија, рече дека рокот од 18...

Криминалците блиски до Заев го труеја Скопје со кокаин, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Криминалците блиски до Заев завршија во притвор заради тоа што го труеја Скопје со кокаин долго време. Сите кои работеле спротивно на законот мора да одговараат, рече денеска на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ. -Дали аболираниот криминалец Зоран Заев знаеше за црниот бизнис со дрога на неговиот пријател? Дали Заев му помагал на својот пријател во трговијата со наркотици и...

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов молчи како успеал за две години да купи три нови станови

Аболираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на партијата го претворија СДСМ во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Партискиот портпарол Петре Шилегов иако обично е гласен, се уште молчи како успеал за две години да купи три нови станови. Тој се уште не одговори дали сам на себе...

Заев го претвори СДСМ во синоним за криминал, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев го претвори СДСМ во промотор и заштитник на криминалот и партијата стана дувло и синоним за криминал, рече денеска на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ. -Вчера полицијата приведе уште еден соработник на Зоран Заев поради трговија со кокаин. Човекот кој со Заев се сликаше по кафеани си формирал група со која што го затрупувале Скопје со дрога. Од...

ВМРО-ДПМНЕ: Народот на 11 декември порача дека не сака да биде воден од криминалци

Се што прават челниците на партијата водена од аболираниот криминалец Зоран Заев е обид за изигрување на законот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Поранешниот новинар Мухамед Зекири донирал 180.000 денари за кампањата на СДСМ, набргу по вработувањето во партијата. Откако стана политичар Зекири на својот анкетен лист пријави подновување и со нов џип и купување на нов стан. Петре Шилегов донирал 3...

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов бега како ѓавол од крст од одговорот како купил три нови станови

Милионерот од СДСМ, Петре Шилегов бега како ѓавол од крст од одговорите на прашањата кои и тоа како ја интересираат јавноста. Шилегов мора да им одговори на граѓаните како во време на режим за две години станал сопственик на три нови станови, како што сведочи неговиот анкетен лист?, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. - Јавноста има право да знае...

Ахмети: Треба да донесеме добро решение, наскоро ќе има конкретен резултат

Треба да донесеме добро и здраво решение, а секоја брза реакција може да има фатални последици, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети по одбележувањето на 16-годишната од конфликтот во 2001 година. Ахмети рече дека во партијата се прават сите анализи, но дека тие „не резултираат со некакви атомски бомби“, туку дека се работи за конкретни прашања кои се однесуваат...

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавите на Шилегов како да не се дадани при целосна свест

Како што наближува денот кога ќе се дознае вистината за криминалот, така зачестуваат изјавите на Петре Шилегов кои наликуваат дека не се дадени при целосна свест, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ. „Аболицираниот криминалец Зоран Заев никогаш немал проблем да најде некој што јавно ќе се посрамоти со разни небулози, бидејќи Петре Шилегов...

ВМРО-ДПМНЕ: Терапијата која пациентите порано ги чинела 8.000 евра сега е бесплатна

Не се очекува СДСМ да поздрави нешто што е во прилог на граѓаните, а особено на пациентите кои страдаат од карцином, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. - Во времето на СДСМ пациените чекаа по една година за хемотерапија и немаше ниту еден лек на позитивна листа. Крајно лицемерно е СДСМ да зборува за здравството кога...

СДСМ го повика Јолевски да каже што зборувал со Рорабакер

Министерот за одбрана од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јолевски треба да објасни што се зборувало на неговата средба со американскиот конгресмен Дана Рорабакер и дали таа средба е повод за контроверзните изјави на конгресменот за поделба на Македонија, порача денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Министерството за одбрана, пак, е должно да одговори со кој друг се сретнал министерот...

Од почетокот на израелската операција во Рафа од територијата побегнале 800.000 луѓе

Од почетокот на израелската копнена операција во Рафах на 6 мај, од градот побегнале 800.000 луѓе, соопшти синоќа шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА)...