fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го претвори СДСМ во промотор и во заштитник на криминалот

-

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и „злосторничкото здружение во раководството на партијата“ го претвориле СДСМ во „партија на подземјето и промотор и заштитник на сè што е незаконско и криминално“.

– Заев и раководството на СДСМ се во близок контакт и соработка со криминалци како Захир Бекири-Чауш, кој им служеше за фалсификување пасоши и за банкарски налози во „Фабриките за афери“ на СДСМ, со близнаците од Ѓорче осомничени за обид за убиство и повеќекратни осуденици, братот на Јане Тица, Зоран Верушевски, јатаците на терористите во Диво Насеље и со уште многу други. Зоран Заев и неговите најблиски соработници се дружат со други криминалци и размислуваат како криминалци. Кога некој од нивните соработници ќе биде уапсен како дилер на кокаин, СДСМ им се заканува на новинарите кои известиле за апсењето на овие криминалци – стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Заев и СДСМ молчат и не одговараат на прашањата што ја интересираат јавноста.

– Дали аболираниот криминалец Заев знаел дека неговите соработници со години уништувале животи, земајќи ги во вителот на дрогата и дали чувствува барем морална одговорност? Дали овие криминалци биле сигурни во себе дека нема да одговараат поради тоа што СДСМ раководеше со МВР? Дали заднински овие дилери на дрога се чувани од структурите на Оливер Спасовски или, пак, Примислав Димовски? Се познавал ли притворениот Сеад Рахиќ со нив и дали му помагале?Дали Заев или некој од врвот на СДСМ имал директен бенефит земајќи пари од бизнис со дрога за поддршката и за заштитата што ѝ е давана на нарко-групата од безбедносните структури на СДСМ? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека ниту една јавна закана на Заев и на функционерите на СДСМ кон новинарите нема да го спречи излегувањето на виделина на вистината и дека местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом „Идризово“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...