ВМРО-ДПМНЕ: Нова хистерична епизода на Јанева и на Фетаи

-

Катица Јанева и Фатиме Фетаи продолжуваат да прават циркус од себе и со своето непознавање на правото и со недоличното однесување се срам за целокупниот правосуден систем во Македонија, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ, по случувањата на судското рочиште за насилствата пред Општина Центар, за кои меѓу обвинетите е и лидерот на партијата, Никола Груевски.

– Правната инфериорност и немањето докази доведоа до нова хистерична епизода на Јанева и на Фетаи, во која специјалните обвинителки наместо да го водат случајот, решија да го блокираат. Ваквото недолично однесување и непочит на Јанева и на Фетаи и, конечно, на СЈО кон судот во Република Македонија е уште едно парче во мозаикот во кој се добива целата слика на Специјалното јавно обвинителство – изјави членот на ВМРО-ДПМНЕ и заменик-министер за образование и наука во оставка, Спиро Ристовски.

Заканите на Јанева и на Фетаи до судијката Татјана Михајлова, Ристовски вели дека се идентични на заканите на Зоран Заев за целосен реизбор на судиите.

Тој рече дека СЈО не процесирало ниту еден случај против член на СДСМ и дека служи „за заплашување на сите што му стојат на патот на Заев или се двоумат во извршувањето на неговите антидржавни и криминални наредби“.

– СЈО не се бори против криминалот, туку се бори исклучиво против ВМРО-ДПМНЕ, рамо до рамо со аболираниот криминалец Зоран Заев. Јанева и Фетаи со ароганцијата и со хистеријата не можат да ја покријат ниту сопствената нестручност, ниту работењето под директни инструкции на СДСМ – заклучи Ристовски.

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство Скопје е...

Македонските научници и истражувачи ќе работат со колегите од ЕУ

Македонските научници и истражувачи ќе добијат поголеми можности за вклучување во европските истражувачки мрежи, каде ќе можат да работат на проекти од области како енергетска безбедност, одржливи материјали за изградба на...

Годинешниот, јубилеен Егзит ќе биде последен во Србија

Фестивалот Егзит објави дека годинешното, јубилејно 25 издание ќе биде последно што ќе се одржи во Србија. Познатиот фестивал е закажан за 10 до 13 јули на Петроварадинската тврдина во Нови...

Средношколци од Битола, Виница и Скопје зборуваа за предзвици поврзани со менталното здравје

Средношколци од четири училишта во Битола, Виница и Скопје ги споделија своите проблеми и предизвици поврзани со менталното здравје. Над 100 ученици учествуваа во кампањата за ментално здравје на учениците „Твоја...

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство...