fbpx

СДСМ ја остави „Македонски железници“ на цедило, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

-

СДСМ имаше доволно време да покаже грижа за вработените во железницата и целокупно за железничката инфраструктура и сообраќај, но наместо тоа отпушти голем дел од вработените, а компанијата ја остави на цедило, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Благој Бочварски од СДСМ.

„Оваа влада предводена од ВМРО–ДПМНЕ нема да дозволи СДСМ да си поигрува со вработените во железницата. Заеднички со менаџментот на двете компании во најкус можен рок ќе се најде решение за надминување на состојбата. Само во последните три години владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ од буџетот на Република Македонија издвои повеќе од една милијарда денари директна помош за работењето на железницата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, лицемерните прес-конференции на СДСМ се уште еден доказ за манипулациите што ги прават врз вработените и ги поттикнуваат на нетрпеливост и на блокада на железничкиот сообраќај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...