Се што прават челниците на партијата водена од аболираниот криминалец Зоран Заев е обид за изигрување на законот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Поранешниот новинар Мухамед Зекири донирал 180.000 денари за кампањата на СДСМ, набргу по вработувањето во партијата. Откако стана политичар Зекири на својот анкетен лист пријави подновување и со нов џип и купување на нов стан. Петре Шилегов донирал 3 пати помалку од Зекири за СДСМ, но затоа пак успеал да заштеди повеќе и за 2 години борејќи се со режимот се стекнува со три нови станови. Невработениот студент Ивана Туфегџиќ донираше 118.000 денари за СДСМ, додека во исто време великодушно одработуваше за партијата на улица глумејќи независен студентски активист“, се вели во партиското соопштение.
Според ВМРО-ДПМНЕ народот на 11 декември порачал дека не сака да биде воден од криминалци и дека речиси половина милион Македонци му кажале не на СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија.