Милионерот од СДСМ, Петре Шилегов бега како ѓавол од крст од одговорите на прашањата кои и тоа како ја интересираат јавноста. Шилегов мора да им одговори на граѓаните како во време на режим за две години станал сопственик на три нови станови, како што сведочи неговиот анкетен лист?, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Јавноста има право да знае дали Шилегов сам на себе си изнајмува станови и си наплаќа кирии од сопственото адвокатско друштво? Дали Петре Шилегов сам на себе си наплаќа месечен надоместок за консултантски услуги од сопственото адвокатско друштво? Колкав е надоместокот што како трошок го фактурира на сопственото адвокатско друштво? Дали сите овие малверзации препознатливи за криминалното раководство на СДСМ се начинот по кој милионерот Шилегов успеал да заработи 200.000 евра за две години? – се додава во соопштението.

Во него исто така се вели дека „Петре Шилегов е новата Радмила Шекеринска, позната по тоа што сама на себе си изнајмува станови за месечна кирија од 5.000 евра.“

– Шилегов е на добар пат да ја стигне не само Шекеринска, туку и аболицираниот криминалец Зоран Заев кој во време на режим станал побогат за десетина милиони евра, како што самиот призна – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.