fbpx

Груевски: Хан сфати дека влада на широка коалиција е неизводлива идеја

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за телевизијата „Нова“ изјави дека еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во земјава дошол со идеја да ги охрабри политичките партии за широка владина коалиција, но по разговорите со партиските лидери дошол до заклучок дека такво нешто не е изводливо.

– Низ разговорите тој сфати дека во Македонија широката коалиција е неуспешен концепт. Сме имале широка коалиција во 2001 година и сега, но и во двете ситуации владата стана нефункционална и тоа се чувстува низ целата држава. Ние во тој разговор (со Хан н.з.) отворивме многу прашања и имавме дебата. На крајот тој кажа дека е очигледно дека по средбите со сите партии, не само со ВМРО-ДПМНЕ, е тешко остварлива идејата за широка коалиција и дека на партиите им е потребно повеќе време да одлучат што понатаму – рече Груевски.

Тој истакна дека на средбата со Хан го отвориле и прашањето за нови избори.

– Доаѓаат локалните избори и кога веќе ќе имаме локални избори добро е да има и нови парламентарни избори. Се плашам да не помине многу време додека сите не сфатат дека нови избори се неопходни. СДСМ се изјасни и во моментов сè уште се против нови избори, но кај нив мислењето важи од вечер до утре. Нам ни требаат нови избори со јасен победник на кого ќе му биде овозможено да формира влада – рече Груевски.

На прашањето, што ако се формира влада, а ВМРО-ДПМНЕ замине во опозиција Груевски рече дека ќе дејствуваат како опозициска партија и ќе бидат „најискрен и најдобар партнер на граѓаните во остварување на нивните интереси“.

Во врска со проектот за „десоросоизација“ на Македонија, Груевски рече дека идејата на ВМРО-ДПМНЕ е владата во иднина да издвојува повеќе средства од буџетот за невладините организации, а не тие во најголем број да бидат финансирани и „индоктринирани од Сорос“.

– Главниот проблем е што кај нас немаше други невладини организации и излезе една слика дека 95 отсто од невладините се финансирани од Сорос. Нам она што ни е потребно е да се помогне од страна на владата да се одвојат поголеми средства од буџетот за невладини организации, за тие да не доаѓаат само од Сорос. Наша грешка е тоа што претходно не го направивме тоа и не одвојувавме пари за невладини организации кои ќе бидат независни во своето делување – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...