fbpx

Груевски на Хан му задоцни 40 минути, не сакаше да го снимаат и не даде изјава

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва не даде изјава за медиумите по средбата со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, како што тоа претходно го направија сите други политички лидери по средбите со еврокомесарот.

Според најавите, за деталите од средбата на Груевски со Хан и за ставовите на партијата околу актуелната политичка ситуација за состав на влада, ВМРО-ДПМНЕ ќе информира преку соопштение.

Инаку, Груевски на средбата со Хан доцнеше околу 40 минути, а на негово барање, на снимателите не им беше дозволено да направат инсерти од состанокот.

Еврокомесарот Хан, кој денеска учествуваше на шестиот министерски состанок на земјите од Западен Балкан, посветен на регионалната соработка во областа на енергетиката, попладнево се сретна со лидерите на СДСМ, Беса, Алијанса на Албанците, ДУИ и на ДПА.

По завршувањето на конференцијата, а во пресрет на средбите со политичките лидери, Хан изјави дека дошол да ги слушне ставовите на лидерите на политички партии, но не и да им дава насоки и препораки што да одлучат, во контекст на актуелните прашања за формирање на новата влада.

Тој рече дека е неопходно е што побргу да се формира нова влада, која ќе се справи со предизвиците, како што е спроведувањето на Договорот од Пржино и ќе се фокусира на евроинтеграциите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Клинички центар и детската болница во Козле една ноќ без вода, „Водовод“ ќе постави цистерни

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, резиденцијалните објекти на Водно, како и дел од жителите од реон Водно и Козле...