fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Туфекџиќ и Богоевски донирале во партија водена од аболиран криминалец

-

„Ивана Туфекџиќ и Павле Богоевски се типичен пример за лажниот морал и за лицемерноста на СДСМ и на Сорос. Едно кажуваат, друго прават“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Невработената студентка од платеничката револуција на Сорос, Ивана Туфекџиќ, донирала 118.000 денари за СДСМ. Овие пари во вредност од 40 просечни студентски стипендии, невработената студентка Туфекџиќ реши да ги донира на аболираниот криминалец Зоран Заев. Толку од лицемерниот граѓански активизам. Соросoвите плати, невладиниот Павле Богоевски на четирипати ги донирал на сметка на СДСМ. Вкупно 184.000 денари. Устите им се полни со зборови како демократија, слобода и борба за правда, а парите ги даваат во партија водена од двојно аболиран криминалец кој на очиглед на целата јавност бара поткуп“, се вели во соопштението на партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Туфекџиќ, Богоевски и Лидија Димова се најдобар пример за тоа како функционирале Сорос и СДСМ, како Владимир Милчин го уништил невладиниот сектор и дека тие се најдобар показател зошто на Македонија ѝ е неопходен процесот на „десоросоизација“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...