fbpx
Таг: ВМРО-ДПМНЕ

таг: ВМРО-ДПМНЕ

Груевски на Хан му задоцни 40 минути, не сакаше да го снимаат и не даде изјава

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва не даде изјава за медиумите по средбата со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, како што тоа претходно го направија сите други политички лидери по средбите со еврокомесарот. Според најавите, за деталите од средбата на Груевски со Хан и за ставовите на партијата околу актуелната политичка ситуација за состав на влада, ВМРО-ДПМНЕ...

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО да работи законски, а не да се заканува на чесни граѓани

Правото на протест е загарантирано со Уставот на Република Македонија, кој во членот 21 вели дека граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест, a заканите од страна на Специјалното јавно обвинителство упатени по одржаниот протест се уште еден чин кој се коси со највисокиот правен акт, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението...

Распуштање на СЈО, побараа членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид

Поголема група симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска напладне одржаа мирен собир пред Секторот за внатрешни работи во Охрид, каде неколку дена на информативен разговор се повикуваат членови на партијата, во врска со финансирањето на партијата и со личните донации за изборите во 2014 година. Меѓу демонстрантите, доминираа вработени во здравствените организации од Охрид, јавните претпријатија, локалната самоуправа и други. Насобраните...

СЈО за протестите во Охрид: Секое влијание врз сведоци е кривично дело

Специјалното јавно обвинителство соопшти дека е повредена тајноста на предистражната постапка во рамките на која повеќе лица во Охрид се повикани да дадат исказ како сведоци. Денеска, по вонредната седница на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, членови и симпатизери на партијата излегоа на протест против истрагата на СЈО. Од СЈО велат дека секој вид влијание врз сведоците е кривично дело. „Во...

ВМРО-ДПМНЕ: Искреноста и мудроста на Ахмети сега се на многу сериозен тест

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со членовите на извршниот комитет на партијата, Никола Попоски и Никола Тодоров, се сретнал со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние, известува партијата во соопштение, кое е долго и полно со детали и со објаснувања, какви што станаа редовна практика во последно време. Францускиот амбасадор истакнал дека тоа што ѝ го посакува на Македонија е...

ВМРО-ДПМНЕ на протести во Охрид против СЈО

По вонредната седница на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, од утринава, за денеска се закажани протести на членството и на симпатизери на партијата, против, како што велат, притисоците на СЈО. Протестната поворка треба да мине по централните градски улици и да заврши пред зградата на СВР од Охрид, каде СЈО, наводно, ги извршува разговорите со функционерите и со членовите на ВМРО-ДПМНЕ. СЈО...

ВМРО-ДПМНЕ: Десоросоизацијата веќе почна и враќање нема

Хајката што по нивна нарачка против вистинскиот невладин сектор ја водат окупаторите и уништувачите на граѓанските иницијативи уште еднаш излезе на виделина поради невниманието на соросовите невладини јуришници во служба на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ и Сорос праќаат меилови од иста адреса, во кои со тужби им се закануваат на сите што ќе се одважат да им опонираат на нивните тоталитарни...

ВМРО-ДПМНЕ: Повторно преговарање за Рамковниот е отворање на Пандорината кутија

Повторното преговарање за Охридскиот рамковен договор, што го заговара новата платформа на албанските партии, е отварање на Пандорината кутија поради што ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со ДУИ одби да преговара за платформата, било истакнато на средбата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и амбасадорката на Турција, Еркал Кара. Како што истакнале од ВМРО-ДПМНЕ на средбата, токму платформата на албанските партии, односно...

ВМРО-ДПМНЕ: Се зголемува паниката во организациите под контрола на СДСМ и на Сорос

„Како што на виделина излегуваат сè повеќе и повеќе детали за начинот на кој мрежата на организации под контрола на СДСМ и на Сорос го корумпира невладиниот сектор, така се зголемува и паниката во нивните редови“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Деновиве, како и многупати досега, повторно сме сведоци како овие т.н. граѓански организации повторно се обидуваат да се претстават...

ВМРО-ДПМНЕ: Владина коалиција без нас значи соочување со проблеми во иднина

„Секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата што добила најмногу гласови и најголема поддршка од народот на изборите, треба да знае дека во исто време носи одлука да се соочува со проблеми во иднина, својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани“. Ова е ставот што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го соопштил на денешната...

Витанов: Бев изманипулиран од ВМРО-НП, давам оставка и ќе соработувам со СДСМ

Еден ден откако беше објавено дека преминува во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица, Методи Витанов, советник од ВМРО-НП, денеска соопшти дека бил изманипулиран од централното раководство на партијата поради одлуката да се коалицира со ВМРО-ДПМНЕ и дека наместо тоа решил од денеска да дејствува како независен советник, а ќе ја поддржува советничката група на СДСМ....

Јанкулоска: СЈО е секогаш тука кога СДСМ треба да постигне некаква цел

„Специјалното јавно обвинителство одамна го загуби кредибилитетот да води какви било постапки кои се повразни со правото, меѓутоа го задржа приматот на еден од најистурените организациони делови на СДСМ, односно алатка во функција на СДСМ секогаш кога ним им е потребно да постигнат некаква цел“, изјави денеска поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, по...

Јанкулоска на распит во СЈО, засега не се знае за кој случај

Пoранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, утрово во 10 часот се појави на сослушување во Специјалното јавно обвинителство, но оттаму ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација. Засега не е познато за кој случај Јанкулоска е повикана на сослушување во СЈО. За поранешната министерка за внатрешни работи и за висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ се отворени повеќе истражни постапки од...

ВМРО-ДПМНЕ: Платениците на Сорос во Македонија и во САД по ист терк

„Невладината пешадија од граѓански сектор, киднапиран и злоупотребен од страна на Сорос во политички цели и за корист на СДСМ, и во Македонија и насекаде на планетата има ист начин на дејствување. Агресија, антидемократија и обиди за насилно уривање на власта избрана од мнозинството граѓани“, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение. Партијата обвинува дека СДСМ и Сорос се посветени и добро платени...

СДСМ покажа дека не знае да се справи со загадувањето во Куманово, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Дамјан Манчевски и СДСМ најдобро покажаа колку не знаат да се справат со загадувањето на воздухот во Куманово, кое често се наоѓа на врвот на листата на најзагадени градови во Европа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Манчевски за загаденоста на Скопје. „Пропаднаа сите лаги на СДСМ за некаква гасификација на Куманово и на Струмица, градови во кои гасот...

ВМРО-ДПМНЕ: Со „Мој ѓердан“ и со „Мој стент на црно“ не се подобрува здравството

Во време на СДСМ, македонското здравство воопшто не беше ни рангирано на Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), реагираат од ВМРО-ДМНЕ на прес-конференцијата на Злате Мехмедовиќ од СДСМ, за состојбата на македонскиот здравствен систем. „Факт е дека ова е така затоа што ЕХЦИ не рангира корупција, купување ѓердани за колешките како што тоа го правеше Владо Димов од СДСМ, ниту, пак,...

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да го прочита Уставот, пратениците можат да бидат министри

Согласно членот 93, став 5 од Уставот на Република Македонија, постоечката влада на која мандатот ѝ престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова влада, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Петре Шилегов, на која СДСМ најави кривични пријави за функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата појаснуваат дека според Уставот, претседателот на владата и министрите кои се...

СДСМ со кривични пријави за функционери на ВМРО-ДПМНЕ за анкетните листови

СДСМ ќе поднесе кривични пријави против министрите од ВМРО-ДПМНЕ кои се и пратеници и кои поднеле по два анкетни листа за имотната состојба до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), еден како министер и еден како пратеник. - Во Изборниот законик јасно е наведено дека функцијата пратеник е неспоива со функцијата министер и дека со денот на верификација на...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ своевремено во здравството го имплементираше системот „Мој ѓердан“

Македонија во време на СДСМ воопшто не ни беше рангирана на Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), бидејќи Европа не предвидува рангирање за ѓерданите што ги купуваше Владо Димов за своите колешки и за стентовите кои лешинарите од СДСМ ги продаваа на црно, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ за состојбата на македонското здравство. „Според извештајот на ЕХЦИ, системот „Мој термин“...

ТМРО бара ВМРО- ДПМНЕ да се произнесе за тврдењата на ДУИ за прифатената двојазичност

Лидерот на ТМРО, Ванчо Шехтански, денеска негираше дека Коалицијата за подобра Македонија ја прифатила двојазичноста која е предвидена во платформата на албанските партии. „Јавно дадените изјави на Али Ахмети и на Бујар Османи, дека Коалицијата за подобра Македонија ја прифатила платформата на албанските партии за редефинирање на државата со воведување двојазичност на цела територија е апсолутна невистина, а она што...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...