fbpx
Таг: ВМРО-ДПМНЕ

таг: ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Вандализмот и анархијата на Сорос наидуваат на отпор низ целиот свет

„Вандализмот и анархијата што ја промовираат платениците на Сорос, наидуваат на сè поголем отпор и во Македонија и низ светот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека „веќе никој не верува во продавањето лаги спакувани како некаква борба за отворено општество“. „Станува јасно како бел ден дека скапо платените вандали на Сорос уништуваат сè пред себе за дебели пари. СДСМ и Сорос...

ВМРО-ДПМНЕ повторно со напад на Катица Јанева и на СЈО

ВМРО-ДПМНЕ продолжи со нападите врз СЈО и неговиот прв човек, Катица Јанева, и претпладнево обвини дека работат за Зоран Заев. Порача дека „со повлекувањето на предметот „Пуч“ и аболицијата на криминалецот Заев, Катица Јанева ја поништи и основната причина за постоењето на СЈО“. „Јанева и СЈО се срам за правосудниот систем. СЈО се заортачи со аболираниот криминалец Зоран Заев и...

ВМРО-ДПМНЕ: Долгот е намален во последниот квартал на 2016 година

„СДСМ секогаш кога манипулира, тоа го прави на штета на македонската економија и на граѓаните. Јавниот и државниот долг се намалени во последниот квартал на 2016 година“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ дека долгот е сè уште на критичното ниво над 50 проценти од домашниот бруто-производ. Во него се додава дека „СДСМ со своите лаги...

ВМРО-ДПМНЕ: Одговорот кажа сè – Вашингтон не е против нови избори

ВМРО-ДПМНЕ ѝ се заблагодари за одговорот на Амбасадата на САД на нивното барање да се изјаснат за евентуалното одржување нови избори, соопштија денеска од партијата. „Одговорот е краток и кажува сè. Очигледно е дека нема потврда дека станува збор за официјален став и сугестија на новата администрација во Вашингтон дека не треба да има нови избори, односно дека партиите во...

ВМРО-ДПМНЕ: Фала ѝ на ЕУ за советот, но најдобро решение се избори, а не широка коалиција

Портпаролката Маја Коцијанчич нема одговор на прашањето врз основа на кој дел од Уставот, ЕУ го советува претседателот Иванов да определи нов лидер кому ќе го додели мандатот, бидејќи таков дел во Уставот нема, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич за „Мета“. Во партиското соопштение се додава дека „Коцијанчич само повтори дека е...

Амбасадата на САД не го коментира повикот од ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за нови избори

Амбасадата на САД денеска соопшти дека нема да ги коментираат повиците на ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за евентуалното одржување на нови избори. - Немаме ништо да додадеме на нашата изјава - велат од Амбасадата на САД во Македонија на прашањето на „Мета“ за реакција на вчерашното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се бара американската амбасада јасно да каже дали е против...

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема да добие просоросова влада

Република Македонија нема да биде водена од аболиран криминалец, ниту ќе добие просоросова влада, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. „Граѓаните на 11 декември ставија крај на деструкцијата и на велепредавствата што ги промовираше СДСМ како нивна политика. Зоран Заев ќе остане запаметен во историјата како политичар кој ги газел и ги...

Ванхауте: Демократски е мандатот да ѝ се даде на втората партија по освоени гласови

Поранешниот посредник на ЕУ во Договорот од Пржино, белгискиот експерт Питер Ванхауте, се огласи по повод неможноста ВМРО-ДПМНЕ да коалицира со ДУИ и истакна дека според меѓународно прифатените демократски стандарди, овој мандат сега треба да ѝ се даде на партијата која е втора по број на освоени гласови. - Сега, може само да чекаме претседателот да назначи некој друг за...

ДС: Логично е мандатот за составување нова влада да го добие СДСМ

По неуспешниот обид ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди парламентарно мнозинство за избор на влада, сосема логично и легитимно е мандатот за состав на нова влада да го добие СДСМ, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз. - И покрај укажувањата на експертите и уставните решенија, мандатот да го даде на партијата или партиите што имаат мнозинство во парламентот, Ѓорге Иванов го даде...

Шкариќ: Мандатот не може повторно да оди во рацете на ВМРО-ДПМНЕ

Во ситуација откако истече рокот за Никола Груевски да формира влада, што според д-р Светомир Шкариќ, пензионираниот професор од Правниот факултет „Јустинијан Први“ самото по себе е погрешно, затоа што е даден мандат на кандидат што нема обезбедено мнозинство, тогаш претседателот Иванов треба да го даде мандатот на тој што обезбедил мнозинство. - Треба да се констатира дека не е...

Нови избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, значат нова неизвесност за мандатот на СЈО

Повторно распуштање на Собранието и распишување на нови предвремени парламентарни избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, значат и нова неизвесност за продолжувањето на мандатот или, поточно, на рокот од 18 месеци за поднесување обвиненија на Специјалното јавно обвинителство. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар, Никола Груевски, синоќа до полноќ не успеа да обезбеди коалициско мнозинство за формирање влада, откако претседателството на ДУИ...

ВМРО-ДПМНЕ: Нови избори се зрело решение за надминување на кризата

ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата за подобра Македонија, како победник на последните избори, која доби најголема поддршка од граѓаните и освои најголем број гласови и пратеници, смета дека формирањето влада треба да биде во функција на затворање на политичката криза, а не нејзино продлабочување и смета дека одржувањето на нови избори е зрело решение, а во функција на надминување на...

Османи: Нема аргументи за да се донесе одлука, остануваат отворени сите опции

Нема доволно аргументи за да се одлучиме за една од петте опции кои беа предмет на дебата во партијата и затоа ни е потребно уште време за да ја донесеме одлуката, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи од седиштето на партијата во Мала Речица, каде вечерва заседава централното претседателство на партијата за можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. - ДУИ денеска не донесе...

Османи: Ги демантирам сите шпекулации за договор за коалиција со која било партија

Ги демантирам сите шпекулации што излегоа по медиумите за наводен договор помеѓу ДУИ и некоја партија за нов владин состав, тоа се чисти шпекулации, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, кој накратко излезе од состанокот на партиското раководство во Мала Речица за да ги демантира информациите што се појавија по медиумите, a се однесуваат за наводна коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тој истакна...

СДСМ: Груевски упати низа навреди кон меѓународната заедница, а сега ѝ се додворува

„Добро е што граѓаните имаат можност да видат на што уште е подготвен Никола Груевски за своите интереси, во стравот од правдата и од нивната одлука за промени. Албанците ги нарекуваше „шиптари“, бараше 63 пратеници за да не зависел од ДУИ, а сега моли за поддршка“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ и Сорос...

Централното претседателство на ДУИ денеска ќе донесе одлука

Централното претседателство на ДУИ во проширен состав се собра во седиштето на партијата во Мала Речица и расправа по конкретни предлози за можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за состав на влада. Средбата почна околу 14 часот и пред нејзиниот почеток никој не даде изјава за текот на разговорите. Но, високи партиски извори на ДИУ брифираа дека „денеска без разлика на што...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос ги навредуваат Доналд Трамп и неговата администрација

СДСМ и Сорос го одбраа патот посочен од нивниот спонзор, се ставија во негова одбрана и почнаа со навреди и со омаловажувања кон американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „за скапо платените соросоиди не е проблем по наредба да влезат во конфликт со кого било, водејќи се од...

Османи: За ДУИ е важна платформата, а не судбината на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ

„За ДУИ е важна платформата на Албанците и важен е начинот како тој договор ќе го реализираме. Во текот на денот од дебатата ќе поминеме на поконкретни предлози“, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, пред седиштето ДУИ во Мала Речица каде што централното претседателство на ДУИ во проширен состав решава за можната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за состав на влада. -...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос предизвикаа штети од десетици милиони евра

„СДСМ и Сорос две години дивееја уништувајќи сè пред себе. Предизвикаа штети тешки десетици милиони евра, палејќи и демолирајќи сè што ќе им се најде во близина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека „бандите на СДСМ и на Сорос се надеваа дека со пари и со помош однадвор, ќе ја изиграат волјата на народот, ќе се дограбат...

Петковски: ВМРО-ДПМНЕ не смее да биде во новата влада, местото на Груевски е во суд

„Македонија треба час поскоро да направи влада без ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, а нив да ги испрати на вистинското место, по судовите и на буништето на историјата“, е ставот на лидерот на Нова социјалдемократска партија (НСДП), Тито Петковски. Доколку ВМРО-ДПМНЕ успее да формира нова влада со старите партнери, тогаш политичката криза наместо да се надмине, таа, според Паетковски, драстично ќе...