fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Одговорот кажа сè – Вашингтон не е против нови избори

-

ВМРО-ДПМНЕ ѝ се заблагодари за одговорот на Амбасадата на САД на нивното барање да се изјаснат за евентуалното одржување нови избори, соопштија денеска од партијата.

Одговорот е краток и кажува сè. Очигледно е дека нема потврда дека станува збор за официјален став и сугестија на новата администрација во Вашингтон дека не треба да има нови избори, односно дека партиите во сегашниот состав мора да разговараат за формирање на идната влада“, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ вчера преку соопштение ја повика Амбасадата на САД во земјава да појасни дали сугерира да нема нови парламентарни избори и дали тоа е официјален став на новата администрација на САД.

Амбасадата на САД во Македонија денеска не сакаше да ги коментира повиците на ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи: „Немаме ништо да додадеме на нашата изјава“.

Во понеделникот од американската амбасада соопштија дека го набљудуваат процесот на формирање нова влада и очекуваат, откако ќе биде формирана, да соработуваат со неа, во контекст на напредокот на земјата во евроатлантските интеграции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...