fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема да добие просоросова влада

-

Република Македонија нема да биде водена од аболиран криминалец, ниту ќе добие просоросова влада, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Граѓаните на 11 декември ставија крај на деструкцијата и на велепредавствата што ги промовираше СДСМ како нивна политика. Зоран Заев ќе остане запаметен во историјата како политичар кој ги газел и ги игнорирал Уставот и законите на Република Македонија. Единствено што знае еден аболиран криминалец е да лаже и да манипулира, а не да ги толкува Уставот и законите“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека политичката кариера на Заев завршила на 11 декември кога граѓаните испратиле порака дека тој мора да одговара за барањето поткуп, за велепредавство и, како што велат, за сите криминални тендери со кои се поврзува неговото име.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...