fbpx

Амбасадата на САД не го коментира повикот од ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за нови избори

-

Амбасадата на САД денеска соопшти дека нема да ги коментираат повиците на ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за евентуалното одржување на нови избори.

– Немаме ништо да додадеме на нашата изјава – велат од Амбасадата на САД во Македонија на прашањето на „Мета“ за реакција на вчерашното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се бара американската амбасада јасно да каже дали е против нови избори.

ВМРО-ДПМНЕ вчера преку писмено соопштение ја повика Амбасадата на САД во земјава да појасни дали сугерира да нема нови парламентарни избори и дали тоа е официјален став на новата администрација на САД.

ВМРО-ДПМНЕ бара појаснување дали нивната позиција значи дека САД сугерираат и бараат од Република Македонија и од партиите во парламентот да нема нови предвремени парламентарни избори и дали овој повик може да се толкува како официјален став на новата администрација во САД, партиите со постоечкиот распоред на силите од последните избори да состават нова влада? Ова прашање го поставуваме јавно бидејќи ставот на Амбасадата беше изнесен јавно и создаде конфузија при неговата интерпретација во јавноста, па би било добро и појаснувањето да е јавно“, се вели во соопштението на партијата.

Во понеделникот од Амбасадата на САД во Македонија соопштија дека го набљудуваат процесот на формирање нова влада и очекуваат, откако ќе биде формирана, да соработува со неа, во контекст на напредокот на земјата во евроатланските интеграции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...