fbpx

Шкариќ: Мандатот не може повторно да оди во рацете на ВМРО-ДПМНЕ

-

Во ситуација откако истече рокот за Никола Груевски да формира влада, што според д-р Светомир Шкариќ, пензионираниот професор од Правниот факултет „Јустинијан Први“ самото по себе е погрешно, затоа што е даден мандат на кандидат што нема обезбедено мнозинство, тогаш претседателот Иванов треба да го даде мандатот на тој што обезбедил мнозинство.

– Треба да се констатира дека не е обезбедено парламентарно мнозинство за формирање влада од страна на тој што го добил мандатот и притоа претседателот е должен да му го даде мандатот на тој член на партија или на член на коалиција на партии кој може да обезбеди парламентарно мнозинство – рече Шкариќ во разговор за „Нова ТВ“ во четвртокот.

Тој посочува дека претседателот Иванов мандатот требало да го даде на кандидат на партија, партии или коалиции кој има докази дека обезбедил мнозинство, а не дава рок да се формира мнозинство.

– Толкувајте го Уставот така како што пишува. Уште од старо римско право се применува тој метод. Во Уставот, во член 90, изрично пишува дека претседателот е должен да го даде мандатот на член на партија или на кандидат на партии, на коалиција на партии, кој може да обезбеди парламентарно мнозинство. Со други зборови, давајќи го мандатот, претседателот знае дека парламентарното мнозинство е обезбедено. Ако нема аргументи, докази за такво мнозинство, тогаш и не треба да го дава мандатот – рече Шкариќ.

Прашан за толкувањето од некои негови поранешни колеги, дека Иванов сега треба да го даде мандатот на друг кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Шкариќ вели дека тоа би било неуставно.

– Тоа ќе биде втор пример на кршење на Уставот. Тој веќе излегол од Уставот со тоа што дал мандат на личност од партија која не обезбедила парламентарно мнозинство, која има само 51 пратеник. И тој треба да знае, како претседател, дека негова модераторска улога е со партиите да разговара, да прибира податоци, да ги повикува во кабинетот, да формира мислење и оценка за парламентарно мнозинство. Надвор од таа рамка е кршење на Уставот – и во 1992 година и сега – ако се оди на втор, на трет мандатар… Не се дава на втор мандатар, туку на тој што ќе може да обезбеди доказ дека има парламентарно мнозинство. Тоа е клучното. Еве, 61 пратеник, за да може да се конституира, ако Иванов има друга концепција или го прифати мислењето на овие колеги, па му го даде мандатот на некој друг, тоа е кршење на Уставот и заслужува импичмент во иднина, откако ќе се промени составот на Собранието. Тоа е кршење на Уставот – порача Шкариќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Kaмерон: Израел одлучи да дејствува по нападот на Иран

Јасно е дека Израел одлучи да дејствува, како одговор на иранскиот масовен напад со беспилотно летало и балистички ракети минатиот викенд, изјави денеска британскиот државен секретар за надворешни работи...