ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос ги навредуваат Доналд Трамп и неговата администрација

-

СДСМ и Сорос го одбраа патот посочен од нивниот спонзор, се ставија во негова одбрана и почнаа со навреди и со омаловажувања кон американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека „за скапо платените соросоиди не е проблем по наредба да влезат во конфликт со кого било, водејќи се од лични интереси и желбата да продолжат да легнуваат на нивните сметки платите повисоки од 3.000 евра.“

– За такви суми, воопшто не им е проблем да организираат насилства и демонстрации во кои жртви се полициските службеници, а штетите тешки милиони евра ги плаќаат македонските граѓани. Нивните интереси се во конфликт со интересите на Македонија и на македонскиот народ. Владата на Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во наредните четири години ќе работи во тесна комуникација и ќе соработува со новата администрација на Трамп, за остварувањето на стратешките цели на државата. Наш приоритет и цел останува членството во НАТО и во Европската Унија, при што важна е соработката со нашите партнери САД и Европа – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Токио Гејм Шоу“ се одржа минатиот викенд

Минатиот викенд се одржа овогодишното издание на „Токио Гејм Шоу, можеби настанот со најинвентивни идеи од светот на видео-игрите. Оваа година целата манифестација пријатно ги изненади сите гејмери ширум...