fbpx
Таг: ВМРО-ДПМНЕ

таг: ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Груевски упати низа навреди кон меѓународната заедница, а сега ѝ се додворува

„Добро е што граѓаните имаат можност да видат на што уште е подготвен Никола Груевски за своите интереси, во стравот од правдата и од нивната одлука за промени. Албанците ги нарекуваше „шиптари“, бараше 63 пратеници за да не зависел од ДУИ, а сега моли за поддршка“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ и Сорос...

Централното претседателство на ДУИ денеска ќе донесе одлука

Централното претседателство на ДУИ во проширен состав се собра во седиштето на партијата во Мала Речица и расправа по конкретни предлози за можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за состав на влада. Средбата почна околу 14 часот и пред нејзиниот почеток никој не даде изјава за текот на разговорите. Но, високи партиски извори на ДИУ брифираа дека „денеска без разлика на што...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос ги навредуваат Доналд Трамп и неговата администрација

СДСМ и Сорос го одбраа патот посочен од нивниот спонзор, се ставија во негова одбрана и почнаа со навреди и со омаловажувања кон американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „за скапо платените соросоиди не е проблем по наредба да влезат во конфликт со кого било, водејќи се од...

Османи: За ДУИ е важна платформата, а не судбината на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ

„За ДУИ е важна платформата на Албанците и важен е начинот како тој договор ќе го реализираме. Во текот на денот од дебатата ќе поминеме на поконкретни предлози“, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, пред седиштето ДУИ во Мала Речица каде што централното претседателство на ДУИ во проширен состав решава за можната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за состав на влада. -...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос предизвикаа штети од десетици милиони евра

„СДСМ и Сорос две години дивееја уништувајќи сè пред себе. Предизвикаа штети тешки десетици милиони евра, палејќи и демолирајќи сè што ќе им се најде во близина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека „бандите на СДСМ и на Сорос се надеваа дека со пари и со помош однадвор, ќе ја изиграат волјата на народот, ќе се дограбат...

Петковски: ВМРО-ДПМНЕ не смее да биде во новата влада, местото на Груевски е во суд

„Македонија треба час поскоро да направи влада без ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, а нив да ги испрати на вистинското место, по судовите и на буништето на историјата“, е ставот на лидерот на Нова социјалдемократска партија (НСДП), Тито Петковски. Доколку ВМРО-ДПМНЕ успее да формира нова влада со старите партнери, тогаш политичката криза наместо да се надмине, таа, според Паетковски, драстично ќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е одработувачот на сценаријата на Сорос

Организациите што ги финансира Сорос за зајакнување на некакви си капацитети, всушност се „организации преку кои се плаќаат таканаречените револуционери за поттикнување насилства“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека Сорос во Македонија досега има доделено стотина милиони евра на „сателит-организациите“ што ги раководи. „Преку нив се финансираше и платеничката револуција, која ја напаѓаше полицијата и уништуваше сè што е...

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е Манчевски и СДСМ да говорат за воздухот во Скопје

Дамјан Манчевски и СДСМ, да знаеја да го решаваат проблемот со квалитетот на воздухот, тоа ќе го направеа во општините каде што се на власт, во Струмица и во Куманово, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Манчевски. „Овие два града се најзагадените во Македонија, со највисоко ниво на ПМ10-честички во воздухот. Од СДСМ се заборавија од овторување на...

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Јанева, Ременски и Спасовски за падот од 24 места на индексот за корупција

Назадувањето на листата на „Транспаренси интернешнел“ е резултат на работењето на генералниот секретар Оливер Спасовски како технички министер во МВР и на работењето на Фросина Ременски како технички министер за труд и социјална политика, обвини на партиска прес-конференција Даниела Рангелова, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Таа рече дека враќањето на СДСМ на власт би значело корупција, неодговорност и разградување...

СДСМ ја уништи локалната самоуправа во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ е добро позната како партијата која со своите одлуки ја уништи локалната самоуправа во Македонија, а пред сè во Скопје, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за отчетот на градоначалникот Коце Трајановски. „Поразениот СДСМ е партијата која со серија штетни одлуки го упропасти Град Скопје, одземајќи ги сите средства и ингеренции од неговите раце. СДСМ ги приватизираше АД...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да ја скандализира аукцијата на хартии од вредност

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по секоја цена се обидува да скандализира вообичаена аукција на хартии од вредност, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во врска со денешната аукција на хартии од вредност. „Тоа го прават во обид да ја манипулираат јавноста, бидејќи само со креирање хаос и сеење магла се научени да функционираат. Да биде иронијата поголема,...

ВМРО-ДПМНЕ: Новите истраги на СЈО се уште една нарачка на Заев и на СДСМ

Денешното отворање на новите истраги е уште една партиска нарачка и продолжување на непрофесионалното, политичко постапување на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод соопштението на СЈО. - Ова е уште еден дефокус на Катица Јанева од срамната одлука за повлекување од предметот „Пуч“. Катица Јанева го загуби професионалниот кредибилитет во замена за улогата на политички...

ДУИ демантира дека се договориле со ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ ја демантира информацијата дека била постигната согласност за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, објави албанскиот портал „Актуале“. Според партијата на Ахмети, таквите информации се чиста шпекулација и немаат никаква врска со реалноста. „Ниту една од објавените неофицијални информации не е точна. Нашиот лидер, Али Ахмети, рече дека договорот со која било партија ќе биде транспарентен и јавноста ќе биде запознаена со него“,...

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе ја решавале двојазичноста со законски измени?

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ начелно ги усогласиле ставовите околу двојазичноста, јави „Телма“, повикувајќи се на извори од преговарачките тимови. Телевизијата пренесува дека двете партии решиле Уставот да не се менува, а прашањето да се уреди преку измени на Законот за употреба на јазиците. Во Собранието ќе се формираат работни групи кои ќе работат на сите отворени прашања, јавува телевизијата.

ВМРО-ДПМНЕ: За потребата од екстерно тестирање знаеја и СДСМ и ЛДП кога беа власт

Потребата за екстерно тестирање е препознаена уште во периодот кога СДСМ и ЛДП беа на власт, односно во рамките на Националната програма за развој на образованието во Република Македонија ‎2005-2015, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на Либерално-демократската партија. „Очигледно е дека за ЛДП, исто како и за СДСМ, воведувањето какви било реформи меѓу кои и образовните...

ЛДП: Со екстерното тестирање власта го продолжува насилството врз граѓаните

Со завршувањето на зимскиот распуст и почетокот на второто полугодие од оваа учебна година, продолжуваат фрустрации за околу 20.000 матуранти, за нивните родители и блиски поради екстерното тестирање, кое е „бесмислен каприц“ на власта на ВМРО-ДПМНЕ, велат од Либерално-демократската партија (ЛДП). Од партијата велат дека е нелогично само со прашања со заокружување, кои треба да се научат напамет, да се...

СНС Македониум: Тодор Петров е портпарол и активист во сенка на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), Тодор Петров, наместо да ги застапува националните интереси, стана портпарол и активист во сенка на ВМРО-ДПМНЕ, вели за „Мета“ заменик-претседателот на новоформираниот Семакедонски национален совет - Македониум, Никола Ставрески. Тој вели дека Семакедонскиот национален совет - Македониум е национална и непартиска организација, а разликата меѓу нив и СМК е што тие работат тимски и...

Ѓорчев: Јанева да не помисли да украде, да уништи или да сокрие ни еден доказ од „Пуч“

Зоран Заев, благодарение на Бранко Црвенковски и на Катица Јанева, е единствениот политичар и во Европа и во светот кој е двапати аболиран, изјави денеска членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, во врска со одлуката на Специјалното јавно обвинителство да се откаже од обвинението за случајот „Пуч“. - Катица Јанева знаеше дека има премногу докази што ја потврдуваат вината...

СДСМ: Груевски е фатен во скандалозното прислушување и одговорност мора да има

Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да се помири со фактот дека правдата доаѓа по своето и дека одговорност за сите злодела врз граѓаните и врз државата ќе има, се вели во реакцијата на СДСМ, на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека „ќе има правда и мир кога Заев ќе одговара на суд, а Јанева нема да го спасува.“ - Никола Груевски од позиција на...

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе има правда и мир кога Заев ќе одговара на суд, а Јанева нема да го спасува

„Ќе има правда и ќе има мир кога криминалци како Зоран Заев ќе одговараат пред судовите и кога нема да постојат разни Катици и специјални јавни обвинителства за да ги спасуваат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со вчерашната седница на извршниот комитет на на партијата, на која била разгледувана и анализирана одлуката на Специјалното јавно обвинителство за...

Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Јан Лејк, поранешен вработен во „OpenAI“ кажува дека приоритет за компанијата се „напредни производи“, а не безбедноста, откривајќи дека тој дал отказ по несогласувања околу клучните цели, пишува Гардијан. Лејк...