fbpx

СДСМ покажа дека не знае да се справи со загадувањето во Куманово, велат од ВМРО-ДПМНЕ

-

Дамјан Манчевски и СДСМ најдобро покажаа колку не знаат да се справат со загадувањето на воздухот во Куманово, кое често се наоѓа на врвот на листата на најзагадени градови во Европа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Манчевски за загаденоста на Скопје.

„Пропаднаа сите лаги на СДСМ за некаква гасификација на Куманово и на Струмица, градови во кои гасот е само основа за криминал и тоа ниту една магла не може да го сокрие. Може да им се верува на Манчевски и на СДСМ кога велат дека би сакале да го гасифицираат и Скопје по примерот на Куманово и на Струмица – партија предводена од аболиран криминалец и не може да размислува поинаку освен преку матни зделки и преплаќање на гас да се стекнува со богатство, без оглед на ефектот по здравјето на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека на листата на неспособни градоначалници на опозицијата се придодава и Андреј Жерновски кој, како што велат, ноторно лаже дека немал ингеренции во справувањето со состојбата на воздухотт.

Во реакцијата се наведува дека СДСМ не го поздрави субвенционираниот автобуски превоз за повеќе категории граѓани, како студентите и пензионерите, ниту субвенционирањето на печките на пелети и намалувањето на ДДВ за пелетите, а останале глуви и за новите термофасади со кои се подобруваат изолационите карактеристики на објектите

„СДСМ застана против субвенционирањето за вградување плински уреди во автомобилите, како и против поттикнувањето набавка на електрични автомобили. Ова се само неколку докази дека лицемерите од СДСМ повторно се трудат да ги манипулираат граѓаните, само ако мислат дека од тоа можат да извлечат некој ситен политички поен“, стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека во времето на СДСМ не се мерело загадувањето и оти така тврделе дека нема загадување.

„Проблемот со загадувањето на воздухот е децениски и повеќеслоен и за тоа се преземаат конкретни чекори во еден долг процес, а не манипулативни прес-конференции со кои единствено се има цел да се доведат во заблуда граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...