fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Платениците на Сорос во Македонија и во САД по ист терк

-

„Невладината пешадија од граѓански сектор, киднапиран и злоупотребен од страна на Сорос во политички цели и за корист на СДСМ, и во Македонија и насекаде на планетата има ист начин на дејствување. Агресија, антидемократија и обиди за насилно уривање на власта избрана од мнозинството граѓани“, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение.

Партијата обвинува дека СДСМ и Сорос се посветени и добро платени за мисијата за уништување на демократијата во Македонија и за сузбивање на секое мислење кое соросовите инсталации ќе го проценат како неподобно.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека македонскиот народ на 11 декември им кажал „не“ на деструкцијата и на манипулациите во режија на аболираниот криминалец Зоран Заев и на соросовите инсталации во Македонија и дека е време за десоросоизација на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...