fbpx

Јанкулоска: СЈО е секогаш тука кога СДСМ треба да постигне некаква цел

-

„Специјалното јавно обвинителство одамна го загуби кредибилитетот да води какви било постапки кои се повразни со правото, меѓутоа го задржа приматот на еден од најистурените организациони делови на СДСМ, односно алатка во функција на СДСМ секогаш кога ним им е потребно да постигнат некаква цел“, изјави денеска поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, по распитот во СЈО.

– Очиглено е дека во моментов, во периодот на наближување кон разврската на политичката криза на Зоран Заев му е потреба помош и секогаш кога нему му е потреба помош, тука е СЈО да излезе со нешто за кое тие ценат дека оди во прилог на опозицијата, односно дека ги подобрува позициите на Зоран Заев – изјави Јанкулоска.

Прашана за кој случај била денеска повика во СЈО, таа ги упати новинарите одговорот да го побараат кај „тој што ги повикал пред СЈО“.

– За кој случај бев повикана конректно е да ви каже тој што ве повикал да дојдете овде. Јас како правник, како личност која одбрала правото да ѝ биде професија, доследно го читам законот и тој вели дека постапките се тајни. Очигледно некој поинаку го чита законот и со оглед на тоа што ве повикале овде, мислам дека треба бидат доволно коректни и да ви соопштат за кој предмет и која беше причината. Доколку добијам одобрение од надлежниот обвинител, со задволство ќе ви презентирам – рече Јанкулоска, додавајќи дека за она што ја прашувале таа побарала да го искористи „правата кои ѝ ги дозволува законот“.

Јанкулоска на прашање дали се работи за нова предистражна постапка, рече дека не станува збор за нова постапка.

Поранешната министерка во СЈО денеска се појави во 10 часот и тау се задржа околу час и половина.

За поранешната министерка за внатрешни работи и за висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ се отворени повеќе истражни постапки од СЈО.

Таа неколкупати досега беше на распит во СЈО и во Кривичниот суд, но засега против неа не е поднесено обвинение за случаите за кои ја товари СЈО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...