fbpx

ОЈО Скопје потврди дека води истрага против политичка партија за изборни нерегуларности

-

Основното јавно обвинителство Скопје отворило постапка против „едно лице – организатор на изборна кампања и други лица“, како и против правно лице за кривично дело злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.

Во соопштението на Јавното обвинителство не е конкретно наведено за кои лица станува збор, но извесно е дека се работи за политичка партија.

„Постапувајќи по кривична пријава поднесена од надлежна институција, Основното јавно обвинителство – Скопје минатата година оформи предмет против едно лице – организатор на изборна кампања и други лица, како и против едно правно лице за сторено кривично дело злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања од член 165-а од Кривичниот законик. Делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи“, стои во соопштението на Обвинителството.

Оттаму велат дека истрагата била отворена уште во 2016 година, во рамките на која била „побарана и прибрана документација, релевантни писмени докази, а во ОЈО Скопје биле сослушани повеќе од 70 лица како сведоци“.

„Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека во врска со изборни нерегуларности има отворено постапка уште во 2016 година. Основното јавно обвинителство – Скопје во работењето постапува неселективно и неповрзано со преземени дејствија на други органи, ја води постапката без да објави податоци за нејзиниот тек за да не ја повреди тајноста што е обезбедена со закон“, велат од Обвинителството и додаваат дека со конкретни податоци ќе излезат кога за тоа ќе се „создадат законски услови“.

Инаку, дел од медиумите минатата недела, повикувајќи се на информации од СДСМ, објавија дека Јавното обвинителство води истрага против партијата, во врска со изборите.

Овие информациите се појавија во истовреме, кога Специјалното јавно обвинителство испрати покани до околу 200 лица во Охрид, претежно членови и симпатизари на ВМРО-ДПМНЕ, да дадат искази како сведоци во рамките на предистражната постапка на СЈО, во која, според засега неофицијални информации, се истражуваат донаторите и донациите на ВМРО-ДПМНЕ и евентуални злоупотреби поврзани со нив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...