fbpx

Премиерот Ковачевски го достави до Собранието составот на реконструираната влада

-

Премиерот Димитар Ковачевски го доставил до Собранието предлогот за реконструкција на Владата, соопштија од владината Служба за информирање.

Во новиот владин кабинет, Алијанса за Албанците ќе води три министерства, од нив едно што досега беше на СДСМ. На клучните позиции во министерството за здравство и министерството за информатичко општество и администрација, досега раководени од Алтернатива, исто така, ќе седнат кадри на Алијанса за Албанците.

За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е Кренар Лога.

За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, предложен е Фатмир Меџити.

За министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, предложен е Азир Алиу.

За министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, предложена е Каја Шукова.

За заменик на министерката за одбрана, предложен е Тирон Јајага.

За заменичка на министерот за правда, предложена е Викторија Аврамовска-Мадиќ.

За заменичка на министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, предложена е Вјолца Бериша.

За заменичка на министерот за здравство, предложена е г-ѓа Маја Манолева.

За заменик на министерот за образование и наука, предложен еАгим Нихиу.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...