Османи: Седумтемина наши државјани утрово од Бањска, Косово се враќаат дома

Министерот Османи вели дека во целиот процес косовските служби ја гарантирале безбедноста на нашите државјани, а нашата амбасада во Приштина била во постојан контакт со нив

-

Седумтемина македонски државјани кои беа во хотел во близина на селото и манастирот Бањска во Косово, каде се случи оружениот инцидент со најмалку четиримина загинати – еден косовски полицаец и најмалку тројца припадници на вооружената група што влегла во манастирот, утрово под придружба на косовската полиција се враќаат дома.

Информацијата ја соопшти македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи преку својот профил на социјалните мрежи.

„По извршеното вообичаено интервју и анализа од страна на полицијата на Република Косово, утрово нашите државјани безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција. Околностите во кои тие се најдоа беа сложени, имајќи предвид дека беа сместени во хотел, во непосредна близина каде што се случи вооружениот напад врз полицијата“, појасни Османи.

Тој вели дека во целиот процес косовските служби ја гарантирале безбедноста на нашите државјани, а нашата амбасада во Приштина била во постојан контакт со нив.

Ден на жалост во Косово, цел арсенал оружје најден во манастирот кај Бањска [фото]

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Македонските граѓани веруваат во науката и технологијата, но и во митови и теории за заговор

Новото истражување на Евробарометар открива дека 72 отсто од македонските граѓани веруваат дека вирусите се вештачки создадени во лаборатории за контрола на населението – драстично повисока стапка од просекот на ЕУ....

Контраспин: Мицкоски ги брани македонскиот народ и идентитет кои никој не ги тероризира

Изјавата на Мицкоски за наводно тероризирање на македонскиот идентитет и народ во изминативе седум години претставува спин т.е. извртување на вистината, бидејќи токму во тој период, со постигнување на Преспанскиот договор,...

Не е точно дека само фашисти нема да присуствуваат на парадата во Москва на 9 Мај

Како што објавува EuVsDisinfo, долги години руските медиуми контролирани од државата тврдeле дека различни држави и ентитети се управувани од нацисти, или, пак, се водат од нацистичката идеологија. Примерите се добро...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична...